Сен-Дени (Реинион)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
20°52′44″S 55°26′53″E / 20.8789°S 55.4481°E
|
Сен-Дени |
|
| Панорама на Сен-Дени | |
| Управа | |
|---|---|
| Земја | Франција |
| Регион | |
| Департман | |
| Округ | Сен-Дени, Реинион |
| Кантон | главен на 9 кантони |
| Општ. заедница | CINOR |
| Градоначалник | Рене-Пол Викторија (2001-2007) |
| статистики | |
| Надм. вис. | 0–2.276 m (0–7.500 ft) (прос. 23 m/75 ft) |
| Површина1 | 14.279 km2 (5,513 sq mi) |
| Население1 | 133.700 131.557 |
| - Густина | 936 /km2 (2,420 /sq mi) (2004) |
| INSEE/Пошт. бр. | 97411/ 97400 |
| 2 Единечно сметање на населението: жителите на повеќе општини (на пр. студенти, воени лица) се бројат само еднаш. | |
Сен Дени (фр. Saint-Denis) префектура (главен град) на францускиот прекуморски регион и департман Реинион, во Индискиот Океан. Се наоѓа на најсеверната точка на островот, близу устието на реката Сен-Дени.
Сен-Дени е најнаселената општина во француските прекуморски департмани. Според пописот во 1999 г., градското подрачје броело 158.139 жители, од кое 131.557 во самиот град, а останатите во блиската општина Сент-Мари.
Содржина |
[уреди] Историја
Сен-Дени го основал Етјен Рењо во 1669, а во 1738 станува главен град на Сен-Дени.
[уреди] Транспорт
Најблискиот аеродром е Ролан Гарос кој воедно е главниот меѓународен аеродром на Реинион. Започнувајќи со 2008, во местото се гради посебен трамвајски воз кој ќе го поврзува градот со аеродромот, како и со блиското место Сен-Пол.
[уреди] Збратимени градови
[уреди] Атракции
- Музеј на Леон Дјеркс (Musée Léon Dierx) - уметничка галерија и музеј
- Државни градини (Jardin de l'Etat) - јавни градини - во нив има и природонаучен музеј)
- Ле Баршоа (Le Barachois) - крајбрежен парк
- Пишана Карпа (La Roche Écrite) - 15 km јужно од градот. Планински врв над Сен-Дени кој овозможува мошне импресивен поглед врз градот.
[уреди] Хотели
Меѓу меѓународните хотели во Сен-Дени се вбројуваат: Mercure Creolia Hotel, Austral Hotel и Best Western.
[уреди] Занимливости
Виетнамскиот принц Бао Ванг, син на царот Дуј Тан е роден и живее во Сен-Дени со семејството.
[уреди] Надворешни врски
- Официјална веб-страница (француски)
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Сен-Дени (Реинион)“ |