Сент Томас (Барбадос)
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Статистика | |
|---|---|
| Парохија: | Сент Томас |
| Површина: | 34км² |
| Најголем град: | Велчмен Хол |
| Население (2008): | 13,950 жители |
| Густина на население: | 410.29 ж/км² |
| Парламентарна застапеност | |
| Пратенички места | 1 |
| Мапа | |
| Парохии на Барбадос | |
Парохијата Сент Томас е парохија на Барбадос, која се наоѓа во средишниот ден на островот. Таа е една од двете континентални парохии (без излез на море), заедно со парохјата Сент Џорџ јужно од неа.
Најголем град во парохијата е градот Велчмен Хол.
Образование [уреди]
Во 1997, Владата на Барбадос, заедно со Министерството за Образование, во обид да создаде простор за зголемување на бројот на ученици во средните училишта, го отворила средното училиште Сент Томас, кое било претходник на училиштето Лестер Вон. До денес средното училиште Лестер Вон е едно од најмладите средни училишта, и едно од технолошки најразвиените училишта на Барбадос.
Интересни места [уреди]
- Клифтон Хил Моравската црква
- Шарон Моравската црква
- Пештерата на Харисон
Парохии што граничат со Сент Томас [уреди]
- Сент Ендру - Североисток
- Сент Џорџ - Југоисток
- Сент Џејмс - Запад
- Сент Џозеф - Исток
- Сент Михаел - Југозапад
|
|||||||
