Сент Џон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
St. John
Прекар: Love City
Љубовен Град
Географија
Местоположба Карипско Море
Координати 18°20′ СГШ 64°44′ ЗГД / 
Архипелаг Девствени Острови, Острови Ливард
Земја
САД
 Американски Девствени Острови
Сент Џон
Најголем град Круз Беј (нас. 2,706)
Демографија
Население 4,170 (2010)
Густина 82,09 /км2

Сент Џон (aнг. Saint John) е Карипски остров и дел од Американски Девствени Острови. Тој е најмал од трите главни острови: Сент Џон, Сент Томас и Сент Крој. Сент Џон лежи околу 6 километри источно од Сент Томас, и 6 километри југозападно од Тортола кој е дел од Британски Девствени Острови. Островот зафаќа површина од 40 km² и 4.157 жители. На Сент Џон нема аеродром и единствен начин на пристап е по пат на брод, обично ферибот.

Историја[уреди]

Првите жители на овој остров се Аравак Индијанците кои дојдоа од брегот на Колумбија и Венецуела околу 300-тата година од новата ера. Данците беа први Европејци кои дојдоа во 1672 година. Тие му го дадоа името кое на дански е Sankt Jan. Поради плодната земја и топлата клима, направени се бројни плантажи на шеќерна трска. За работа се користени робови - Црнци и домородците сè додека не изумреа. САД ги купија островите од Данска во 1917 година и тука основаа воена база. Главна гранка од која се полни буџетот на островот е туризмот.

Надворешни врски[уреди]

  • St. John – Официјален веб портал