Сензор (фотоапарат)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
CCD сензор на флексибилна печатена плочка

Сензорот или сетилник во оптичките уреди е направа која претвора оптичка слика во електричен сигнал. Наоѓа примена главно кај дигиталните фотоапарати и други уреди за светлосен запис. Сензорот обично е уред со напојна врска (CCD) или активно-пикселски сензор во облик на комплементарен метал–оксид–полупроводник (CMOS).

CCD наспроти CMOS[уреди]

Денес највеќето дигитални фотоапарати користат или CCD или CMOS сензор. Обата типа на сензор ја вршат истата задача - доловување на светлината и нејзино претворање во електрични сигнали.

Уредот со напојна врска (CCD) е аналоген уред. Кога светлината ќе дојде до интегралното коло (чипот), таа станува мал електричен сигнал во секој фотосензор. Овие полнења се претвораат во напон, еден по еден пиксел (точка), како што се вчитуваат од интегралното коло. Други кола во фотоапаратот ја претвораат напонот во дигитални информации.

CMOS интегралното коло е вид на активно-пикселски сензор направен со помош полупроводничкиот процес на CMOS. До секој сензор има додатни кола кои ја претвораат светлосната енергија во напон. На интегралното коло може да има дополнителни кола за претворање на напонот во дигитални податоци.

Ниедна од овие технологии немаат јасна предност во квалитетот на сликата. CMOS сензорот може да се имплементира со помалку делови, да користи помалку струја и/или да дава побрзо вчитување отколку CCD сензорот. CCD од друга страна, е посозреана технологија и во скоро секој поглед е еднаква на CMOS технологијата.[1][2]

Оценување[уреди]

При оценувањето на работата на еден сензор може да се користат многу параметри, меѓу кои неговиот динамички опсег, неговиот сооднос на сигнал и шум, осетливоста на мала светлина и тн. Кај сензорите од споредлив тип, соодносот на сигнал и шум и динамичкиот опсег се подобруваат со зголемување на неговите димензии.

Сензори за боја[уреди]

Постојат неколку главни вида на сензори за боја, кои се разликуваат по начинот на одвојување на боите:

  • Бајеров сензор, евтин и најчест, користи поле со филтри за боја како Бајеровиот филтер кој предава црвена, зелена или сина светлина до сензорските ќелии, или пиксели, создавајќи испреплетени решетки осетливи на црвено, зелено или сино. Потоа сликата се интерполира со помош на алгоритам за демозаикација.
  • Foveon X3, кој користи поле напластени сензори каде секој пиксел содржи три слоја сензори осетливи на поединечните бои.
  • 3CCD, кој користи три засебни сензори, каде боите ги раздвојува дихроидна призма.Овој сензор дава најобар квалитет, и обично е поскап од другите видови на сензори.

Специјализирани сензори[уреди]

Спезијалните сензори се користат за најразлични примени како топлотно отсликување, creation of повеќеспектрални снимки, гама камери, сензорски полиња за рентгенски зраци, и други високосензитивни полиња со примена во астрономијата.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. CCD наспроти CMOS од Photonics Spectra 2001
  2. Сензори од Винсент Бокарт

Надворешни врски[уреди]