Семиња на мирот
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Семиња на мирот е меѓународна невладина организација основана во 1993 година, посветена на давањето шанса на младите од разни делови на светот кои минале низ војни или конфликти да ги развијат своите лидерски способности потребни за делување во полза и насока на мир и соживот.
Во текот на последната деценија, Семиња на мирот го зголеми своето влијание, драматично зголемувајќи го бројот на членови, националности и програми.
Почнувајќи само со 46 млади од Израел, Палестина и Египет, во 1993, организацијата сѐ уште се фокусира на Блискиот Исток, но исто така ги подаде своите раце и кон младите лидери од Јужна Азија, Кипар и Балканот. Нејзината мрежа на млади низ целиот свет сега брои повеќе од 3500 члена од голем број на конфликтни региони.
Како тинејџери, тие започнуваат со меѓународниот летен камп на Семиња на мирот во Мејн и продолжуваат со разни програми и работилници кои следат, со меѓународни конференции, работилници во регионот, едукациони и професионални можност, како и едукациони програми за возрасни. Овој систем им дозволува на членовите на Семиња на мирот да развијат емпатија, почит и сигурност, како и знаења во светот на лидерството, комуникациите и преговорите: сите неопходни компоненти кои ќе помогнат во создавањето на мирниот соживот за следните генерации.
[уреди] Надворешни врски
Официјална страна на Семиња на мирот