Секуларност

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Секуларност или секуларизам е принцип на одвојување на владините институции, како и личностите одредени да ја претставуваат државата, од религиските институции и религиските достоинственици. Во една смисла, секуларноста го одобрува правото да се биде ослободен од религиското владеење и учење, како и правото на ослободување од наметнувањето на религијата кај луѓето од страна на влада на држава која е неутрална во однос на прашања поврзани со верата. Во друга смисла, се однесува на гледиштето дека човековите дејности и одлуки, особено политичките, не би требало да потпаѓаат под влијанија на религијата.[1] (видете и јавен разум). Одредени научници денес сметаат дека самата идеја на секуларноста ќе се промени.[2]

Секуларноста ги влече своите интелектуални корени од старогрчките и римските философи како Марко Аврелиј и Епикур; средновековните муслимански полимати како Ибн Ружд; мислителите од периодот на просветителството, Дени Дидро, Волтер, Барух Спиноза, Џон Лок, Џејмс Медисон, Томас Џеферсон и Томас Пејн; како и од поскорешните слободни мислители, агностици и атеисти како Роберт Ингерсол и Бертранд Расел.

Причините и аргументите во полза на секуларноста се различни. Во европскиот лаицизам се смета дека секуларноста е движење насочено кон модернизација, подалеку од традиционалните религиски вредности (процес познат како секуларизација). Овој тип на секуларност, на општествено и философско ниво, често се појавувал кога имало официјална државна црква или друг вид на државна поддршка на религијата. Во САД, одредени автори полемизираат дека државниот секуларизам послужил во голема мерка како заштита на религијата и при вмешувањето на религијата во политиката (и обратно), додека секуларизмот на општествено ниво е помалку распространет.[3][4] Исто така, во рамките на државите постојат различни политички движења кои ја поддржуваат секуларноста поради различни причини.[5]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Kosmin, Barry A. "Contemporary Secularity and Secularism." Secularism & Secularity: Contemporary International Perspectives. Ed. Barry A. Kosmin and Ariela Keysar. Hartford, CT: Institute for the Study of Secularism in Society and Culture (ISSSC), 2007.
  2. Poddar, Prem and Srinivasan Jain. ‘Secularism as an Idea Will Change: Interview with Homi Bhabha’,The Book Review, January 1995. Republished in The Hindu1995.
  3. Yavuz, Hakan M. and John L. Esposio (2003) ‘’Turkish Islam and the Secular State: The Gulen Movement’’. Syracuse University, pg. xv–xvii. ISBN 0-8156-3040-9
  4. Feldman, Noah (2005). Divided by God. Farrar, Straus and Giroux, pg. 147 ("But with the Second World War just ahead, secularism fo the antireligious type was soon to disappear from mainstream American society, to be replaced by a new complex of ideas that focused on secularizing the state, not on secularizing society.")
  5. Feldman, Noah (2005). Divided by God. Farrar, Straus and Giroux, pg. 25 ("Together, early protosecularists (Jefferson and Madison) and proto-evangelicals (Backus, Leland, and others) made common cause in the fight for nonestablishment [of religion] – but for starkly different reasons.")