Секој со своето езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија

Секој со своето езеро е збирка раскази од македонскиот писател Ненад Јолдески. Збирката е објавена во 2012 година во издание на „Темплум“, како 104 книга во рамките на едицијата „Магма“.

Технички одлики[уреди | уреди извор]

Збирката е печатена во мал формат (17 сантиметри), во мек повез и има 93 страници. Книгата е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4658-13-9. Графичкото уредување и дизајн е дело на фирмата „Кома“. На предната корица е наоѓа слика на Рене Магрит, додека на задната корица е даден кус осврт врз книгата, куса биографија на авторот и попис на дел од објавените книги во едицијата „Магма“. Објавувањето на книгата било финансиски поддржано од Министерството за култура.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Збирката „Секој со своето езеро“ содржи 14 раскази, а покрај нив, на крајот од книгата е даден попис на објавените книги од едицијата „Магма“. Во збирката се застапени следниве раскази:[1]

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

Во април 2016 година, книгата „Секој со своето езеро“ ја добила наградата на Европската Унија за литература.[2]

Критички осврт кон делото[уреди | уреди извор]

Роберт Алаѓозовски ја оценува книгата како нагласено артистична, со метафорична и немиметична реторика. Повеќето од расказите би можеле да се оценат како лирска проза отколку раскази. Тие повеќе зборуваат за состојби и за чувства отколку што конструираат свет во кој нешто се случува. Според него, деловите што ја прават збирката вредна и привлечна се: лиричноста, натрупаната симболика, редуцираниот исказ и дискретниот револт кон денешните состојби. Во тој поглед, прозата на Јолдески делува малку анахроно, но тоа е симпатично.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ненад Јолдески, Секој со своето езеро, Темплум, Скопје, 2012.
  2. 2,0 2,1 Роберт Алаѓозовски, „Езерото отпатува по Европа“, Економија и бизнис, број 215, мај 2016, стр. 101-103.