Севил Роу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Севил Роу
Savile Row
Севил Роу
Место Вестминстер, Лондон, Британија
Насока север-југ
Почеток Кондуит Стрит
Крај Риџент Стрит
Знаменитости Гивс и Хокс, Харди Ејмис
Позната по Малопродажба
Поминува низ Централен Лондон
Друг поглед на улицата Севил Роу

Севил Роу (англ. Savile Row) е улица во реонот Вестминстер во Централен Лондон, паралелна на Риџент Стрит помеѓу Кондуи Стрит на северниот крај и Виго Стрит на јужниот. Улици кои ја поврзуваат се Бурлингтон Плејс и Бурлингтон Гарденс.

Улицата е главен центар на традиционално кројаштво по мера. Меѓу славните клиенти можат да се наведат Кралското семејство, Винстон Черчил, Хорацио Нелсон и многу други. Голем број од кројачите се иматели на Кралски Повластици.

Кројачи[уреди | уреди извор]

Кројачки работилници на Севил Роу:

  • Гивс & Хокс (бр.1)
  • Килгур (бр.8)
  • Џаспер Литман (бр.9)
  • Деџ Скинер (бр.10)
  • Х. Хантсман осн. 1849 (бр.11)
  • Озвалд Боатенг (бр.12а)
  • CAD и Dandy (бр.13)
  • Ричард Андерсон (бр.13)
  • Хенри Пул и Др. осн. 1806 (бр.15)
  • Нортон & Синови осн. 1821 (бр.16)
  • Морис Седвел осн. 1938 (бр.19)
  • Велш и Џефрис (бр.20)
  • Дејвис и Син осн. 1803 (бр.38)
  • Џејмс и Џејмс (бр.38)
  • Александар од Лондон (бр.39)
  • Комели (бр.13)

Заради големата побарувачка на деловен простор на самиот Севил Роу, низа фирми се сместени веднаш до улицата, во кои спаѓаат Андерсон & Шепард (порано на бр.30, на 32 Олд Бурлингтон Стрит од март 2005), кошуларот „The Savile Row Shirt Company“ и Ид и Рејвенскрофт осн. 1689 (8 Бурлингтон Гарденс).

Севил Роу се протега точно помеѓу две метро станици, Оксфорд Циркус на север и Пикадили Циркус на исток.

Историја[уреди | уреди извор]

Улицата Севил Роу била создадена со изградбата на Бурлингтоновиот Посед во 1695. Како и Корк Стрит, улиците тука биле именувани од самиот Лорд Бурлингтон - во овој случај, по неговата сопруга Леди Дороти Савил.

Во прво време Севил Роу бил населен од офицери и нивните семејства; меѓу првите кои живееле таму бил и Вилијам Пит Помладиот. За време на 1800-тите, благородништвото почнало да се интересира за педантна облека, по примерот на Бо Брамел (1778–1840). Тој бил клиент на кројачите на Бурлингтоновиот Посед, особено оние околу Корк Стрит, и веќе во 1803 некои кројачки работилници биле сместени на Севил Роу.

Занимливости[уреди | уреди извор]

Наворешни врски[уреди | уреди извор]