Североатлантски леден кит

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Северноатлански леден кит[1]
Мајка со младенче
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Mammalia
Ред: Cetacea
Фамилија: Balaenidae
Род: Eubalaena
Вид: E. glacialis
(Müller, 1776)
Биномен назив
Eubalaena glacialis
Распространетост
Синоними
  • biscayensis (Eschricht, 1860)
  • nordcaper (Lacépède, 1804)

Североатлантскиот леден кит (Eubalaena glacialis) беше еден од првите видови китови што се ловеа во комерцијални цели, а денес е еден од најкритично загрозените видови. Вкупниот број на овие животни денес изнесува околу 500 единки. Тој има темно сино-црна боја, освен белите траги на стомакот, изразено свиена уста, а долната челуст има облик на голема лопата. Главата му е покриена со карактеристични делови со тврда, посветла кожа (калосити). Овие калосити им помагаат на научниците во препознавањето на единките. Како и сите китови усани, тој се храни со процедување на храната од морската вода. За таа цел ги употребува ресите, рожните плочки како четка што висат од горната челуст. Североатлантските ледени китови се хранат на поголеми географски ширини, но во текот на размножување се селат во потоплите води. Речиси идентичниот вид, јужниот леден кит, живее на Јужната полутопка. Наспроти двојникот од северот, бројот на јужниот леден кит постепено се зголемува. Денес има околу 5,000 единки.

Наводи[уреди]

  1. Mead, James G.; Brownell, Robert L., Jr. (16 November 2005). „Order Cetacea (pp. 723-743)“. Wilson, Don E., and Reeder, DeeAnn M., eds. „Mammal Species of the World: A Taxonomic and Geographic Reference“ (3rd издание). Baltimore: Johns Hopkins University Press, 2 vols. (2142 pp.). ISBN 978-0-8018-8221-0. OCLC 62265494. http://www.bucknell.edu/msw3/browse.asp?id=14300008. 
  2. Reilly, S.B., Bannister, J.L., Best, P.B., Brown, M., Brownell Jr., R.L., Butterworth, D.S., Clapham, P.J., Cooke, J., Donovan, G.P., Urbán, J. & Zerbini, A.N. (2008). Eubalaena glacialis. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2009.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/41712. конс. 22 август 2009.  (англиски)

Надворешни врски[уреди]