Северноелбска Евангелистичко-лутеранска Црква

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Северноелбската Евангелистичко-лутеранска Црква (германски: Nordelbische Evangelisch-Lutherische Kirche) е протестантска црква во Северна Германија, која главно ги покрива површините на покраините Шлезвиг-Холштајн и Хамбург, каде е и најважна протестантска деноминација. Има 2,1 милион членови (до 2006) во 595 парохии, опфаќајќи 46% од населението во неговиот округ.

Таа е полноправна членка на Евангелистичка Црква во Германија (EKD), Обединета Евангелистичка Лутеранска Црква на Германија и Лутеранска светска федерација (приклучена 1977)[1]]. Црквата е исто така членка на Заедница на протестантски цркви во Европа.

Содржина

Историја [уреди]

Северноелбската Црква била основана во 1977 со спојување на четири поранешни покраински цркви:

Именувана е по нејзината локација северно од реката Елба.

Познати градби [уреди]

Најпознатите црквени градби се Катедрала во Шлезвиг, Катедрала во Либек и Свети Михаил во Хамбург.

Практики [уреди]

Хиротонијата на жените и одобрувањето на истополовите бракови се дозволуваат.

Иднина [уреди]

Северноелбската Црква планира спојување со Евангелистичката Лутеранска Црква на Мекленбург и Померанската Евангелистичка Црква во 2012. Споената црква ќе биде наречена Евангелистичка Лутеранска Црква на Северна Германија.

Список на бискупи [уреди]

  • Округ Хамбург (седиште Црква Свети Михаил (Хамбург); од 2008, Хамбург-Либек)
    • 1977 - 1983: Ханс-Ото Велбер
    • 1983 - 1992: Петер Круше
    • 1992 - 2010: Марија Јепзен[2]
    • 2011 - денес: Кирстен Ферс
  • Округ Холштајн-Либек (седиште Катедрала во Либек)
    • 1964 - 1981: Фридрих Хибнер, до 1977 бискуп на Холштајн во Кил
    • 1981 - 1991: Улрих Вилкенс
    • 1991 - 2001: Карл Лудвиг Колваге
    • 2001 - 2008: Бербел Вартенберг-Потер
  • Округ Шлезвиг (седиште Катедрала во Шлезвиг; од 2008, Шлезвиг и Холштајн)
    • 1967 - 1978: Алфред Петерсен
    • 1979 - 1990: Карлхајнц Штол
    • 1991 - 2008: Ханс-Кристијан Кнут
    • 2008 - денес: Герхард Улрих[1]

Наводи [уреди]

  1. 1,0 1,1 Избран бискупи Герхард Улрих да го води регионот Шлезвиг-Холштајн на северноелбската црква“, Lutheran World Federation, 2008-08-13 (проверено на 2009-09-29).
  2. Грешка во шаблонот: потребен е наслов на аргументот.

Надворешни врски [уреди]