Северно играорно подрачје

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Северни ора)

Под Северни ора се подразбираат македонските народни ора што потекнуваат од: Горен Вардар, Полошката котлина, Скопско, Скопска Црна Гора, Скопска Блатија, Велес и Овче Поле.

Ората од овој регион се брзи, со енергични движења, и обично се играат на собори. Ора од овој регион се: Црногорка, Потрчано, Баба Ѓурѓа, Чучук, Крстачката, Адана и други.