Северен регион (Бразил)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Северен регион на Бразил
Локација на Северен

Држави Акре, Амапа, Амазони, Пара, Рондонија, Рораима и Токантинс
Површина  
 - Вкупно 3.853.327,2 km² ()
Население  
 - 2007 проценето 15,022,060 ()
 - Густина (2007) 3,8/km² ()
БДП 2004
 - Вкупно R$102,037,137 билиони ()
 - БДП по глава на жител R$(2005) 7,247 ()
ИЧР (2005) 0.764 () – среден
 - Детски морталитет (2006) 25.8‰ ()
 - Писменост (2006) 88.7% ()
Часовен појас BRT (UTC[[UTC{{{utc_offset}}}|{{{utc_offset}}}]])

На северниот регион најпоследно му е дадена важност од страна на бразилската влада. Најголем регион е во Бразил со 45.27% од територијата. Контрибуира со мал процент од националниот БДП. Се состои од државите Акре, Амапа, Амазони, Пара, Рондонија, Рораима и Токантинс.

Најретко населен е од сите региони на Бразил, со само 2,92 жители на km2. Повеќето живеат во градовите.

Географија[уреди]

Северна вегетација. зелена: Амазонска дождовна шума; портокалова: Серадо.
Годишни врнежи.

Амазонот представува повеќе од половината останати на планетава дождовни шуми и се состои од најголемиот и најголемиот со видови во светот.

Влажните тропски шуми се најбогати со видови биоми, тропските шуми во Америките се побогати со видовиод тропските шуми во Африка и Азија.[1] Како најголем тракт на тропска дождовна шума во Америките, Амазонските дождовни шуми имаат ненадмината биоразновидност. Повеќе од третина од сите видови на земјата живеат во Амазонската дождовна шума.[2]

Регионот е дом на 2.5 милиони инсектски видови, десетици илјади растенија, и околу 2000 птици и цицачи. До денес, најмалку 40,000 видови растенија, 3,000 риби, 1,294 птици, 427 цицачи, 428 амфибии, и 378 рептили се научно класифицирани [3]. Научниците опишале помеѓу 96,660 и 128,843 инвертебрати само во Бразил.[4]

Разновидноста на растенијата во регионот е најголем во светот овде, според стручњаците, на еден квадратен километар 75.000 видови дрвја и 150.000 видови виши растенија.[5] Ова ја составува најголемата колекција на живи растенија и животински видови во светот. Петина од сите видови птици живее во дождовните шуми на Амазон..[6]

Демографија[уреди]

Белем е втор најнаселен град во регионов.
City Население (2007)
Манауш 1,612,475
Белем 1,408,847
Ананиндеуа 484,600
Порто Вељо 380,988
Макапа 368,397
Рио Бранко 288,614
Сантарем 274,074

Економија[уреди]

Економијата на регионов во главно се базира на вегетациските плантажи за латекс, асаи, дрво и нутs;и минерали: злато, бесценети камења, каситерит и тин (метал); рударство: железо и др.

Тривијалност[уреди]

Возила: 1,746,501 (март/2007); Телефони: 1,805,000 (април/2007); Градови: 449 (2007).

Образование[уреди]

Португалскиот е официјален. Но Англиски и Шпански се дел од официјалниот образовен систем.

Образовни институции[уреди]

Транспорт[уреди]

Има само неколку автопати во северниот регион. Најважни се: Транс-Амазонски автопат, минува низАмазони, Пара, Пјауѝ, Марањао, и автопатот Родова Белем-Бразилија, кој минува низ Федералниот округ, Гојаш, Токантинс, Марањао и Пара. Транспортот во регионов во главно се одвива по вода, и авион во главно во Амазони. Има два поважни аеродроми во регионот: Интернационален аеродром Белем, во Белем, and Интернационален аеродром Едуардо Гомеш, во Манауш.

Белешки[уреди]

  1. Turner, I.M. 2001. The ecology of trees in the tropical rain forest. Cambridge University Press, Cambridge. ISBN 0-521-80183-4
  2. „Amazon Rainforest, Amazon Plants, Amazon River Animals“. Светски фонд за природа. http://www.worldwildlife.org/wildplaces/amazon/index.cfm. конс. 26 ноември 2007. 
  3. Da Silva et al. 2005. The Fate of the Amazonian Areas of Endemism. Conservation Biology 19 (3), 689-694
  4. Lewinsohn, Thomas M.; Paulo Inácio Prado (June 2005). „How Many Species Are There in Brazil?“. „Conservation Biology“ 19 (3): 619–624. doi:10.1111/j.1523-1739.2005.00680.x. 
  5. Photos / Pictures of the Amazon Rainforest
  6. The Amazon Rainforest

Поврзано[уреди]