Северен регион (Бразил)
| Северен регион на Бразил | |
|
|
|
| Држави | Акре, Амапа, Амазони, Пара, Рондонија, Рораима и Токантинс |
| Површина | |
| - Вкупно | 3.853.327,2 km² (1°) |
| Население | |
| - 2007 проценето | 15,022,060 (4°) |
| - Густина | (2007) 3,8/km² (5°) |
| БДП | 2004 |
| - Вкупно | R$102,037,137 билиони (5°) |
| - БДП по глава на жител | R$(2005) 7,247 (4°) |
| ИЧР (2005) | 0.764 (4°) – среден |
| - Детски морталитет | (2006) 25.8‰ (4°) |
| - Писменост | (2006) 88.7% (4°) |
| Часовен појас | BRT (UTC[[UTC{{{utc_offset}}}|{{{utc_offset}}}]]) |
На северниот регион најпоследно му е дадена важност од страна на бразилската влада. Најголем регион е во Бразил со 45.27% од територијата. Контрибуира со мал процент од националниот БДП. Се состои од државите Акре, Амапа, Амазони, Пара, Рондонија, Рораима и Токантинс.
Најретко населен е од сите региони на Бразил, со само 2,92 жители на km2. Повеќето живеат во градовите.
Содржина |
Географија [уреди]
Амазонот представува повеќе од половината останати на планетава дождовни шуми и се состои од најголемиот и најголемиот со видови во светот.
Влажните тропски шуми се најбогати со видови биоми, тропските шуми во Америките се побогати со видовиод тропските шуми во Африка и Азија.[1] Како најголем тракт на тропска дождовна шума во Америките, Амазонските дождовни шуми имаат непаралелен биодиверзитет. Повеќе од третина од сите видови на земјата живеат во Амазонската дождовна шума.[2]
Регионот е дом на 2.5 милиони инсектски видови, десетици илјади растенија, и околу 2000 птици и цицачи. До денес, најмалку 40,000 видови растенија, 3,000 риби, 1,294 птици, 427 цицачи, 428 амфибии, и 378 рептили се научно класифицирани [3]. Научниците опишале помеѓу 96,660 и 128,843 инвертебрати само во Бразил.[4]
Диверзитетот на растенија е најголем во светов овде, според експерти на квадратен километар може да се најдат над 75,000 видови дрвја и 150,000 видови виши растенија.[5] Ова ја составува најголемата колекција на живи растенија и животински видови во светот. Петина од сите видови птици живее во дождовните шуми на Амазон..[6]
Демографија [уреди]
| City | Население (2007) |
|---|---|
| Манауш | 1,612,475 |
| Белем | 1,408,847 |
| Ананиндеуа | 484,600 |
| Порто Вељо | 380,988 |
| Макапа | 368,397 |
| Рио Бранко | 288,614 |
| Сантарем | 274,074 |
Економија [уреди]
Економијата на регионов во главно се базира на вегетациските плантажи за латекс, асаи, дрво и нутs;и минерали: злато, бесценети камења, каситерит и тин (метал); рударство: железо и др.
Тривијалност [уреди]
Возила: 1,746,501 (март/2007); Телефони: 1,805,000 (април/2007); Градови: 449 (2007).
Образование [уреди]
Португалскиот е официјален. Но Англиски и Шпански се дел од официјалниот образовен систем.
Образовни институции [уреди]
- федерален Универзитет на Амазони (UFAM);
- Федерален Универзитет на Пара(UFPA);
- Федерален Универзитет на Рондонија (UNIR);
- Федерален Универзитет на Acre (UFAC);
- Федерален Универзитет на Амапа (UNIFAP);
- Федерален Универзитет на Рораима (UFRR);
- Федерален Универзитет на Токантинс (UFT);
- и други.
Транспорт [уреди]
Има само неколку автопати во северниот регион. Најважни се: Транс-Амазонски автопат, минува низАмазони, Пара, Пјауѝ, Марањао, и автопатот Родова Белем-Бразилија, кој минува низ Федералниот округ, Гојаш, Токантинс, Марањао и Пара. Транспортот во регионов во главно се одвива по вода, и авион во главно во Амазони. Има два поважни аеродроми во регионот: Интернационален аеродром Белем, во Белем, and Интернационален аеродром Едуардо Гомеш, во Манауш.
Белешки [уреди]
- ↑ Turner, I.M. 2001. The ecology of trees in the tropical rain forest. Cambridge University Press, Cambridge. ISBN 0-521-80183-4
- ↑ „Amazon Rainforest, Amazon Plants, Amazon River Animals“. Светски фонд за природа. http://www.worldwildlife.org/wildplaces/amazon/index.cfm. проверено на 2007-11-26.
- ↑ Da Silva et al. 2005. The Fate of the Amazonian Areas of Endemism. Conservation Biology 19 (3), 689-694
- ↑ Lewinsohn, Thomas M.; Paulo Inácio Prado (June 2005). „How Many Species Are There in Brazil?“. „Conservation Biology“ 19 (3): 619–624. doi:.
- ↑ Photos / Pictures of the Amazon Rainforest
- ↑ The Amazon Rainforest
Поврзано [уреди]
|
||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||