Себастјен Хино

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Себастјен Хино
Лични податоци
Цело име Себастјен Хино
Роден 11 февруари 1974 (1974-02-11) (39 г.)
Сен Бриук, Франција
Податоци за клубот
Мом. клуб ИАМ Сајклинг
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Професионални клубови
1997–1998
1998–2008
2009–2012
2013–
ГАН
Кредит Агрикол
Аг2р-Ла Мондијал
ИАМ Сајклинг
Значајни победи
Гранд Тур
Вуелта а Еспања
1 етапа (2008)

Еднодневни трки и класици

Букл де л’Олн (2012)
Последна промена
19 јануари 2013

Себастјен Хино (роден на 11 февруари 1974 во Сен Бриук) е француски друмски велосипедист. Тој започнал со велосипедизам во 1997 со француската екипа ГАН, која подоцна станала Кредит Агрикол и настапил на Тур де Франс пет пати. Откако Кредит Агрикол се распуштила во 2008, Хино се придружил на Аг2р-Ла Мондијал. Хино го напуштил Аг2р-Ла Мондијал на крајот на сезоната 2012 и се приклучил на новата екипа ИАМ Сајклинг за сезоната 2013.[1]

Тој не е поврзан со поранешниот велосипедист Бернар Хино.

Достигнувања [уреди]

2003
1. Етапа 4 Трка околу Полска
2004
1. Етапа 4 Трка околу Германија
2005
1. Етапа 2 Сиркут Франко-Белж
2006
1. Етапа 8 Ле Тур де Лангкави
1. Етапа 4 Тур де Пикард
1. Етапа 4 Тур ду Лимузен
2008
1. Етапа 10 Вуелта а Еспања
1. Етапа 3 & краен пласман Тур ду Лимузен
2010
9. Краен пласман Париз-Рубе
9. Краен пласман Ватенфал Класик
2011
8. Е3 Харелбеке
2012
1. Букл де л’Олн
1. Етапа 3 Сиркут де Лорен

Наводи [уреди]

  1. Мињо, Александар. „Direction IAM Cycling pour Sebastien Hinault“, „Cyclism'Actu“, Swar-Agency, 1 август 2012 (проверено на 11 август 2012). (на француски)

Надворешни врски [уреди]