Себастиен Гриф

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Себастиен Гриф (француски: Sébastien Gryphe, о. 1492 во Ротлинген, Германија - 1556 во Лион, Франција) бил германски книжар-издавач и хуманист.

Биографија[уреди]

Тој бил син на Мишел Гриф (Greif, Gryff, Gryph), и од него го научил занаетот на печатење, во Германија а потоа и во Венеција. Околу 1520 дошол во Лион каде останал да работи како книжар.

Во прво време Гриф најчесто печател дела од правото и администрацијата, во готско писмо. Потоа се префрлил на латински класици. Тој исто така преведувал и грчки автори на латински. Објавувал дела на неговите современици Еразмо, Гијом Биде и Полициано.

Во 1540, Франсоа Рабле дошол кај Гриф за да ги објави своите преводи на Хипократ, Гален и Џовани Маинарди.

Семејство[уреди]

Неговиот брат Франц (Франсоа) бил печатар на rue des Carmes во Париз од 1532. Другиот брат, Јохан (Жан), останал во Венеција, каде исто така печател.

Надворешни врски[уреди]