Свети Ахил (остров)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Св. Ахил (остров))
Поглед на Свети Ахил преку понтонскиот мост
Остатоци од базиликата „Свети Ахил“ на Цар Самоил

Свети Ахил — остров во Малото Преспанско Езеро со должина од околу 1.700 метри. Највисоко место е врвот Кале (1.025 м).

Островот бил населен уште од антиката. Во југозападниот дел се пронајдени остатоци од античката македонска населба Лика. Во средниот век тука бил замокот — управно седиште на Самоиловата држава, градот Преспа, како и дворците на царот Самоил.

Денес единствено населено место на островот е истоименото село Ахил. Претставува мала населба од неколку куќи. Во почетокот на XX век имало 4 куќи, најголемата од нив припаѓала на родот Марковци, којшто претставувал задруга од 70 членови. Друго стара семејство се Петковци, чијшто наследници и денес живеат таму. Во 1907 година селото веќе броело 7 куќи. Месното население верува дека бројот на куќите не смее да надмине 11, така што ако биде изградена 12 таа се руши. Тоа е зошто некогаш имало 12 цркви, и поради тоа местото се смета за свето и не треба да го продолжува човечкиот грев. Црквите што постоеле (или сè уште постојат) се следниве:

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]