Свиларче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Свиларче
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Фамилија: Cettiidae
Род: Cettia
Вид: Свиларче
Биномен назив
Cettia cetti
(Temminck, 1820)

Свиларчето (науч. Cettia cetti) е мала кафеава птица што живее во грмушки, низ јужна и централна Европа,[2] северозападна Африка и југоисточна умерена Азија до Авганистан и северозападен Пакистан. Ја има и во Македонија. Ова е единствена птица од оваа фамилија што е распространета надвор од Азија. Taa e многу прикриена птица, односно тешко може да се види, како славејчето, и се покажуваат само еден краток момент.[3]


Опис[уреди]

Свиларче

Свиларчињата се мали птици, долги 13-14 см,[4] тешки 12-15 грама.[5] Имаат заоблена глава со тенка бледо сива лента што минува над впечатливо црните очи, и кратки заоблени крилја. Богатите костенливи или темно црвенокафеави бои ги има на крилјата, и на горните делови: главата и грбот. Однапред се светло сиви, на грлото и стомакот. Опашката им е подолга и поширока од повеќето други трскарчиња и грмушарчиња. [6]

Мажјаците и женките се слични. Мажјаците се 26% до 32% потешки од женките. Исто така, мажјаците имаат подолги пердуви на крилјата. [7][8]

Однесување[уреди]

Живеалиштето на свиларчето се влажните подрачја, вклучувајќи ги барите, езерата, мочуриштата и реките. Тие се хранат со инсекти, помали за полесно да ги свари.[9]

Свиларчето го сигнализира своето присуство со многу гласна, и со висока фреквенција, песна.[10] Пеење на свиларчето на YouTube Преку лето, мажјаците голем дел од времето го минуваат создавајќи ја својата територија, а многу помалку за грижа околу јајцата и пилињата. Откако ќе ја означат територијата, мажјаците обично привлекуваат повеќе од една женка со своето пеење. [11] Песната игра важна улога. Таа е карактеристична и им дозволува на своите видови да се пронајдат и да се спречи меѓувидово парење.[12]


Статус[уреди]

Во Европа има околу 600.000-1.600.000 пара свиларчиња.[13] Популацијата е стабилна и во благ пораст, па затоа според Црвениот список на МСЗП е класифициран како вид со најмала загриженост.[14]

Наводи[уреди]

  1. BirdLife International (2012). Cettia cetti. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/106007554. конс. 16 јули 2012.  (англиски)
  2. Robinson, Robert A.; Stephen N. Freemen, Dawn E. Balmer and Mark J. Grantham (2007). „Cetti's Warbler Cettia cetti: analysis of an expanding population“. „BTO“ 54: 230. http://www.tandfonline.com/doi/abs/10.1080/00063650709461479#preview. 
  3. Seago, Michael J (31). „Cetti's Warbler, Cettia Cetti. http://www.birdsofbritain.co.uk/bird-guide/cettis-warbler.asp. 
  4. The RSPB: Cetti's Warbler“. 01. http://www.rspb.org.uk/wildlife/birdguide/name/c/cettiswarbler/index.aspx. 
  5. BTO BirdFacts | Cettiâs Warbler“. „BTO BirdFacts“. 31. http://blx1.bto.org/birdfacts/results/bob12200.htm. 
  6. Videos- Cetti’s Warbler. http://www.rspb.org.uk/wildlife/birdguide/name/c/cettiswarbler/videos.aspx. 
  7. Colin J., Bibby; Derek K. Thomas (1984). „Sexual dimorphism in size, moult and movements of Cetti's Warbler Cettia cetti , Bird Study“. 31. ст. 28–34. http://dx.doi.org/10.1080/00063658409476811. 
  8. Zumet, Javier Blasco; Gerd Michael Herinze. „Cetti’s Warbler“. „Laboratorio Virtual Ibercaja“: 1–5. 
  9. Deit of Cetti's Warblers Cettia Cetti (Temmink, 1820) in a Locality of Southern Spain“. „Ardeolo“. 2 45: 217–220. 1998. http://www.ardeola.org/files/389.pdf. 
  10. The RSPB: Cetti's Warbler“. 01. http://www.rspb.org.uk/wildlife/birdguide/name/c/cettiswarbler/index.aspx. 
  11. „Bird Guides-Cetti's Warbler“. http://www.birdguides.com/species/species.asp?sp=136021. конс. 31 октомври 2012. 
  12. Hamao, Shoji, Maria J. S. Veluz, Takema Saitoh, and Isao Nishiumi (2008). „Phylogenetic Relationship And Song Differences Between Closely Related Bush Warblers (Cettia Seebohmi And C. Diphone“. „The Wilson Journal of Ornithology“: 268–276. 
  13. „Species: Cetti's Warbler“. http://www.birdlife.org/datazone/speciesfactsheet.php?id=7554. конс. 1 ноември 2012. 
  14. „Cettia Cette-Cetti's Warbler“. http://www.birdlife.org/datazone/userfiles/file/Species/BirdsInEuropeII/BiE2004Sp7554.pdf. конс. 2 ноември 2012. 

Надворешни врски[уреди]