Светска турнеја UCI

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Моментална сезона или издание:
Светска турнеја UCI 2014
UCIWorld Tour.png
Спорт Друмски велосипедизам
Основана 2009
Број на екипи 18 (други се покануваат
од трка на трка)
Држава Европа, Австралија, Кина и Канада
Актуелен шампион Возач: Хаоким Родригез
Екипа: Мувистар Тим
Земја: Шпанија
Портал uciworldtour.com

Светска турнеја UCI (2009–2010: Светски ранкинг UCI) — годишна велосипедска друмска турнеја за мажи. Во турнејата влегуваат 29 трки и годишниот пласман се заснова на резултатите од овие трки. Светскиот ранкинг бил започнат во 2009 и во 2011 бил споен целосно со неговиот претходник UCI ProTour.

Минато[уреди]

Сè до крајот на 2004, Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI) ги одржувал и Светскиот друмски ранкинг, во кои се наградувале резултатите на сите тие трки и Светскиот друмски куп, кој се наградувал врз основа на резултатите во десет одбрани еднодневни настани. Двата настани биле заменети од сезоната во 2005 од UCI ProTour и континенталните трки UCI. Меѓутоа, споровите помеѓу UCI и АСО, организаторите на Тур де Франс и другите класици и на крај со организаторите на Трките околу Италија и Шпанија, значело дека од 2008, ProTour бил претставен како ранг-метод, како единствен за монументалните настани и трите други класици, кои остануваат под покровителство на UCI. Како резултат на тоа, Светскиот ранкинг UCI бил воведен, спојувајќи ги резултатите од двете ProTour и другите престижни настани.[1]

На почетокот на 2011, ProTour и Светскиот ранкинг биле повторно целосно споени.[2] Системот за рангирање бил ребрендиран како 'Светска турнеја', додека 'ProTeam' [3] бил задржан како категорија за регистрирање на професионалните тимови. Сите ProTeam екипи добиваат автоматски влез на настаните од Светската турнеја.

Настани[уреди]

Светската турнеја UCI се состои од 29 настани.[4] Овие настани се сочинети од:

  • Три Гранд Тур трки
  • Пет монументални еднодневни трки
  • Девет други етапни трки во Европа
  • Седум други еднодневни трки во Европа
  • Една етапна трка во Австралија
  • Две еднодневни трки во Канада
  • Една етапна трка во Кина
  • Еден екипен хронометар, кој носи бодови само во екипниот поредок, со локација која се менува секоја година.
Трка Светски турнеја бодови[5]
Победник Втор Трет последно место за
кое се добива бодови
Франција Тур де Франс Краен пласман
Секоја етапа
200
20
150
10
120
6
20. (4 бода)
5. (2 бода)
Италија Џиро д’Италија
Шпанија Вуелта а Еспања
Краен пласман
Секоја етапа
170
16
130
8
100
4
20. (2 бода)
5. (1 бод)
Светско првенство во екипен хронометар 200 170 140 10. (70 бода)
Австралија Тур Даун Андер
Франција Париз-Ница
Италија Тирено-Адријатико
Шпанија Трка околу Баскија
Швајцарија Тур де Романди
Шпанија Волта а Каталуња
Франција Критериум ду Дофине
Швајцарија Тур де Свис
Полска Трка околу Полска
БелгијаХоландија Енеко Тур
КинаТрка околу Пекинг [6]
Краен пласман
Секоја етапа
100
6
80
4
70
2
10. (4 бода)
5. (1 бод)
Италија Милано-Сан Ремо
Белгија Трка околу Фландрија
Франција Париз-Рубе
Белгија Лиеж-Бастон-Лиеж
Италија Џиро ди Ломбардија
100 80 70 10. (4 бода)
Белгија Гент-Вевелгем
Холандија Амстел Голд Рејс
Белгија Флеш Валон
Шпанија Класика де Сан Себастијан
Германија Ватенфал Класик
Канада Гран при Квебек[7]
Канада Гран при Монтреал[7]
Франција ГП Уест-Франција
80 60 50 10. (2 бода)

Во 2009 и 2010, само возачите за ProTour екипите и професионалните континентални екипи добивале бодови. Кога е национален настан, во трката учествува и некоја нерегистирана UCI екипа и неговите членови добивале бодови. Во 2011, се сменија правилата и сега само возачите од ProTeam имаат право да добиваат бодови.

Список на екипи[уреди]

За Светската турнеја 2014 пријавени се следниве ProTeam екипи.[8]

Код Официјално име Носител на лиценцата Земја Делови Велосипед
ALM Аг2р-Ла Мондијал EUSRL France Cyclisme  Франција SRAM Focus
ARG Џајант-Шимано SMS Cycling B.V.  Холандија Shimano Felt
AST Астана Abacanto SA  Казахстан Campagnolo Specialized
BEL Белкин Про Сајклинг Rabo Wielerploegen  Холандија Shimano Giant
BMC БМЦ Рејсинг Тим Continuum Sports LLC Flag of the United States.svg САД Shimano BMC
CAN Канондејл Brixia Sports  Италија SRAM Cannondale
EUC Тим Јуропкар SA Vendée Cyclisme  Франција Campagnolo Colnago
FDJ FDJ.fr Société de Gestion de L'Echappée  Франција Shimano Lapierre
GRS Гармин-Шарп Slipstream Sports, LLC Flag of the United States.svg САД Shimano Cervélo
KAT Тим Катјуша Katusha Management SA  Русија Shimano Canyon
LAM Лампре-Мерида CGS Cycling Team AG  Италија Shimano Merida
LTB Лото-Белисол Belgian Cycling Company sa  Белгија Campagnolo Ridley
MOV Мувистар Тим Abarca Sports S.L.  Шпанија Campagnolo Pinarello
OGE Орика-ГринЕЏ GreenEdge Cycling Австралија Австралија Shimano Scott
OPQ Омега Парма-Квик Степ Esperanza bvba  Белгија SRAM Specialized
SKY Тим Скај Tour Racing Limited  Велика Британија Shimano Pinarello
TFR Трек Фактори Рејсинг Trek Bicycle Corporation Flag of the United States.svg САД Shimano Trek
TSB Тим Тинкоф-Саксо Tinkoff Sport  Данска SRAM Specialized

Резултати[уреди]

ProTour[уреди]

Година Победник Екипа Земја
2005  Данило ди Лука (ИТА)
Ликвигас-Бјанки
Тим ЦСЦ  Италија
2006  Алехандро Валверде (ШПА)
Кејс д’Епарњ-Илес Балеарс
Тим ЦСЦ  Шпанија
2007  Кедел Еванс (АВС)
Предиктор-Лото
Тим ЦСЦ  Шпанија
2008  Алехандро Валверде (ШПА)
Кејс д’Епарњ
Кејс д’Епарњ  Шпанија

Светска турнеја[уреди]

Од 2009, натпреварувањето на сезоната ProTour бил заменет со Светски ранкинг UCI.

Година Победник Екипа Земја
2009  Алберто Контадор (ШПА), Астана Астана  Шпанија
2010  Хоаким Родригез (ШПА), Тим Катјуша Тим Саксо Банк  Шпанија
2011  Филип Жилбер (БЕЛ), Омега Парма-Лото Омега Парма-Лото  Италија
2012  Хоаким Родригез (ШПА), Тим Катјуша Тим Скај  Шпанија
2013  Хоаким Родригез (ШПА), Тим Катјуша Мувистар Тим  Шпанија

Наводи[уреди]

  1. UCI листа на настани и датуми за календарот во 2009
  2. ProTour е мртва, долго да живее Светската турнеја Cyclingweekly. Accessed 14-01-11
  3. Известување за печатот - Регистрација за UCI ProTeams за сезоната 2011 UCI. Accessed 14-01-11
  4. Светска турнеја UCI 2011 - Трки UCI. 11 јануари 14
  5. UCI ранг - Бодовна скала
  6. Трката околу Пекинг станала дел од Светската турнеја во 2011. Втората трка во Кина, Трката околу Хангџоу била најавена во Светската турнеја во 2012 и 2013, но била откажана на двапати.
  7. 7,0 7,1 Гран при во Квебек и Монтреал не биле дел од воведната сезона во 2009
  8. Registration of UCI ProTeams and UCI Professional Continental Teams for the 2014 season“, „UCI.ch“, Меѓународен велосипедистички сојуз, 10 декември 2013 (конс. 31 декември 2013).

Надворешни врски[уреди]