Светлински микроскоп

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Светлински (оптички) микроскоп

Направата која во голема мерка го услови развојот на биологијата е светлинскиот микроскоп. Првиот ваков микроскоп бил конструиран 1665 година, од страна на англискиот научник Роберт Хук.

Првиот микроскоп е наречен светлински бидејќи за осветлување на објектот и набљудување се користи дневна или вештачка светлина. Тој уште се вика и оптички затоа што во него се вградени системи на оптички леќи, од чијашто комбинација и усовршеност зависи зголемувањето и квалитетот на добиената слика.

Од првиот светлински микроскоп до денес не дели долг период во кој тој е усовршуван, така што денес се во употреба многу совршени светлосни микроскопи, кои даваат зголемување и до 3 000 пати, со што се овозможува испитување и на внатрешни структури во клетката итн.

Направи едноставен микроскоп[уреди]

Ќе опишеме изградба на еден едноставен модел на Левенхуновиот микроскоп со една леќа. Тој користи капка вода наместо стакло. На овој начин ќе разбереш колку била тешка работата на првите микроскописти. Исечи големо парче тврд картон со големина 10cm x 3 cm.и направи отвор на едниот крај со дупчалка за хартија или наострен молив. Стави мало парче провидна пластика (може хартија за пакување храна) и залепи ја со селотејп за картонот преку отворот. Потопи го моливот во вода и подржи го над пластиката која е на отворот. Потруди се една капка да падне точно врз отворот.

Ликот што ќе го гледаш нема да биде јасен и остар, но веројатно не е полош од тие што ги гледале првите микроскописти. Меѓутоа, ако ликот што го гледаш е изразито изобличен, тогаш, веројатно, нанесената капка вода не е топчеста, па пробај уште еднаш.

Како се работи со микроскопот[уреди]

Пред да започнеш со користење на твојот микроскоп, мораш да знаеш како правилно да го поставиш. Освен микроскоп, ќе ти биде потребен и друг прибор како што се пипетите и предметните стакла.

Микроскопска галерија[уреди]

Механички делови на микроскоп[уреди]

Види исто така[уреди]