Свети Спиридон

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Свети Спиридон
Икона на светецот
Тримитунтски
(Ο Θαυματουργός)
Роден(а) ca. 270, Кипар
Умрел(а) 348, Тримитунт, Кипар
Почитуван(а) во Православие, Источна католичка црква
Главно светилиште Крф
Слава Источна: 12 декември
Западна: 14 декември

Свети Спиридон е христијански светец. Тој бил роден на островот Кипар, во времето на Константин Велики. Во младоста се оженил и имал деца. По смртта на неговата сопруга, тој остатокот од својот живот го посветил на Бог. Тој бил епископ на кипарскиот град Тримитунт.

Свети Спиридон учествувал на Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година, застапувајќи ја страната на Свети Александар Александриски против аријанството. Според православната традиција, тој бил облечен толку просто, што кога еднаш поканет од императорот сакал да влезе во царскиот дворец, војникот мислејќи дека е некој просјак му удрил шлаканица. Кроткиот и незлоблив Спиридон му го завртил и другиот образ[1].

Починал во 348 година. Неговите мошти се наоѓаат на островот Крф.

Наводи[уреди]