Свети Анастасиј Радовишки

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Свети Спасо Радовишки)
Свети Анастасиј Радовишки
Маченик
Роден(а) 1774, Радовиш
Починал(а) 11 септември 1794, Солун
Слава 8 август (стар стил)
21 август (нов стил)

Свети Анастасиј Радовишки или Свети Спасо Радовишки (Радовиш, 1774Солун, 11 септември 1794) — македонски христијански светец - новомаченик, Македонец.[1] На дваесет години родителите го испратиле во Солун да учи занает. Таму го присилувале да прими ислам, но откако не се откажал од својата вера, бил измачуван, ги поднел сите страдања и одејќи кон бесилката измачениот Анастасиј паднал и ја предал својата душа на Господа.[2] По неговата меченичка смрт, преподобниот Никодим Агиорит го напишал неговото житие.[3] Македонската црква неговиот празник го слави на 8 август според јулијанскиот календар,или 21 август според Грегоријанскиот календар.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Михајло Георгиевски, Македонски светци, Скопје, 1997
  2. Александар Донски, Сите светители од Македонија, Штип, 2006
  3. Добрила Миловска и Јован Таковски, Македонска житијна литература IX-XVIII век, Скопје, 1996

Надворешни врски[уреди | уреди извор]