Свети Пјер и Микелон
| Свети Пјер и Микелон
Collectivité territoriale de
Saint-Pierre-et-Miquelon |
||||||
|---|---|---|---|---|---|---|
|
|
||||||
| Гесло: A Mare Labor (англиски) |
||||||
| Химна: „Марселеза“ |
||||||
| Главен град (и најголем) |
Свети Пјер |
|||||
| Службен јазик | француски | |||||
| Народности | Баски, Бретонци, Нормани (Французи риболовци) [1] | |||||
| Уредување | Зависна територија | |||||
| - | претседател на Франција | Никола Саркози | ||||
| - | претседател на територијалниот совет | Стефан Артано | ||||
| Прекуморски заедници на Франција | ||||||
| - | преземено од Велика Британија† | 30 мај 1814 | ||||
| - | Прекуморскa териториja | 27 октомври 1946 | ||||
| - | Прекуморски департман | 17 јули 1976 | ||||
| - | Територијална заедница | 11 јуни 1985 | ||||
| - | Прекуморска заедница | 28 март 2003 | ||||
| Површина | ||||||
| - | Вкупна | 242 км2 (208) | ||||
| - | Вода (%) | занемарливо | ||||
| Население | ||||||
| - | проценка за јули 2009 | 7,063[1] (227) | ||||
| - | Попис јануари 2006 | 6,125 | ||||
| - | Густина | 29.1 жит/км2 (188) | ||||
| БДП (ПКМ) | проценка за 2003 | |||||
| - | Вкупен | $48.3 милиони (226) | ||||
| Валута | евро (€) (EUR) |
|||||
| Часовен појас | PMST (UTC-3) | |||||
| - | (ЛСВ) | PMDT (UTC-2) | ||||
| НИД | .pm | |||||
| Повик. бр. | +508 | |||||
| † Париски договор (1814). | ||||||
Свети Пјер и Микелон или Сен Пјер и Микелон (франц. Saint-Pierre-et-Miquelon) е островска територија во северниот Атлантски Океан, 25 километри јужно од островот Њуфаундленд (Канада). Територијата е под француски суверенитет и е дел од Европската унија.
Географија [уреди]
Островите имаат вкупна површина од 242 km² и 7012 жители. Архипелагот се состои од островот Сен-Пјер (26 km²), Микелон (110 km²), Лангладе (91 km²) и некои помали острови. Порано Микелон и Лангладе биле раздвоени острови, додека денес се споени со копнена превлака и заедно се нарекуваат Микелон.
На Сен-Пјер живеат 6.100 жители (главен град е местото Свети Пјер, додека на Микелон живеат 900 луѓе.
Историја [уреди]
Свети Пјер и Микелон се последниот мал остаток од некогашната колонија Нова Франција.
Името Остров Сен Пјер го дал морепловецот Жак Картие кога поминал покрај островот во 1536 година. Пред тоа, островите се нарекувале Архипелаг на единаесет илјади девици, име што им го дал португалскиот истражувач Жозе Алварез Фагуендес, во 1520 год, на денот на Света Урсула.
Нападите на Британците кон крајот на XVII век ги натерале француските доселеници да ги напуштат овие острови. Тие го менувале сопственикот сè до 1815 година, од кога овде се востановила француска власт и почнал период на релативна благосостојба заснована на рибарење. Значењето на рибарството опаднало кон крајот на XIX век и островите западнале во економска депресија. Краток период на економска експанзија уследил во 1920-те за време на прохибицијата на алкохол во САД. Тогаш Сен Пјер бил центар за криумчарење на алкохол.
