Свети Митрофан Константинополски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Поврзано: Митрофан
Митрофан Константинополски
Патријарх на Константинопол
Црква Римокатоличка црква, Православна црква
Од 306
До 314
Претходник Проб
Наследник Александар
Лични податоци
Деноминација христијанство
Седиште Константинопол
Занимање светец

Свети Митрофан Константинополски е христијански светец и Патријарх на Константинопол во периодот од 306 до 314 година.

Неговиот татко Дометиј, брат на римскиот цар Пров, побегнал од Рим како христијанин и отишол во Византија. Византискиот епископ Тит го посвети за презвитер. По смртта на Тит Дометиј станал епископ Византиски. По смртта на Дометиј, епископскиот престол го зазеде неговиот постар син Пров, а по кончанието на овој, престолот епископски го зазел Митрофан. Кога Константин Велики првпат го виде Митрофан, според христијанската традиција, го засакал како татко[1].

Во времето на Првиот Вселенски собор Митрофан бил на 117 години, па не можејќи самиот да земе учество во работите на Соборот за свој заменик го одредил хороепископот Александар. Императорот му го дал чинот Патријарх, станувајќи прв патријарх на Константинопол. Кога императорот го запрашал кого би го сакал за наследник на патријаршискиот престол, Митрофан го посочил Александар, а потоа му рекол на Александар Александриски: „О брате, пресветол наследник ќе оставиш ти!“ И го зел за рака архиѓаконот Атанасиј, подоцна Свети Атанасиј Велики, патријарх Александриски, и го пофалил пред сите. По ова пророштво се простил со сите и по десет дена ја предал душата на Бога, во 325 година.

Наводи[уреди]

Претходник
Проб
Епископ на Византион
306–314
Наследник
Александар