Свети Лав Катански

Од Википедија — слободната енциклопедија
Источно -православна икона слична на Свети Лав, прикажана како брадест човек кој го држи стапот во левата рака и благословува со десната рака
Источно -православна икона слична на Свети Лав, прикажана како брадест човек кој го држи стапот во левата рака и благословува со десната рака

Свети Лав Катански е христијански светец од 8 век.

Според христијанското верување во Катанија се појавил некој маѓосник Илиодор, кој го залажувал народот со разни фантазии и мошне ја развратувал младината. Еднаш, за време на Божјата служба, влегол во храмот и ги почнал своите залажувања. Свети Лав пристапил кон него, го врзал со едниот крај на омофорот и го одвел на градскиот плоштад. Таму наредил да се запали голем оган. Кога огнот се разгорел, тој застанал во средината на огнот и го вовлекол во него и Илиодор. Илиодор целиот изгорел, а св. Лав останал жив и недопрен[1].

Свети Лав бил петнаесеттиот епископ на Катанија и бил познат по својата љубов и грижа кон сиромашните, и делувал во времето на Јустинијан II и Константин IV.

Православната црква неговиот ден го чествува на 20 февруари.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Охридски пролог“ стр. 72