Свети Кристофер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
За други значења на поимот „Свети Кристофер“, видете ја страницата за појаснување.
Свети Кристофер
Изворно име: 'Liamuiga, Saint Christopher, Saint Kitts'
Прекар: Град на шеќерот

Карта на Свети Кристофер и Невис
Географија
Местоположба Карипско Море
Координати 17°15′ СГШ 62°40′ ЗГД / 
Архипелаг Заветрени Острови
Највисока точка Лијамуига
Земја
Најголем град Бастер (нас. 15,500)
Демографија
Население 35,000
Густина 208,33 /км2
Народности Афроамериканци, мулати, Азијци, Британци, Португалци, Либанци[1]

Свети Кристофер (Saint Christopher) или Свети Китс (Saint Kitts) е остров во Карипското Море. Свети Кристофер е дел од Заветрените Острови, подгрупа на Малите Антили. На запад островот излага на Карипското Море, додека на исток на Атлантскиот Океан. Свети Кристофер, заедно со соседниот остров Невис, ја сочинуваат федерацијата Свети Кристофер и Невис.

Островот се наоѓа на околу 2100 км југоисточно од Мајами, САД. Островот има вкупна површина од 168 километри квадратни, долг е околу 29 километри, а широк околу 8 километри. Свети Кристофер има вкупно население од околу 35.000 жители, од кои мнозинство се Афроамериканци. Главен и официјален јазик на островот е англискиот, со писменост на население од околу 98%. На Свети Кристофер се наоѓа Националниот парк Хил Фортрес, кој е заштитен од УНЕСКО и претставува најголема тврдина изградена во Источните Кариби.

Административна поделба[уреди]

Островот, административно, е поделен на 9 парохии:

  1. Крајст Чрч Никола Таун
  2. Сент Ен Сенди Поинт
  3. Сент Џорџ Бастер
  4. Сент Џон Капистер
  5. Сент Мери Кајон
  6. Сент Пол Капистер
  7. Сент Питер Бастер
  8. Сент Томас Мидл Ајланд
  9. Тринити Палмето Поинт


Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]