Светиот пехар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оваа модерна прослава на Евхаристијата ги задржила оригиналните елементи наТајната вечера, лебот и пехарот. Свештеникот ги користи зборовите на Исус.

Во христијанската традиција, Светиот пехар е чашата од која Исус Христос пиел вино на Тајната вечера.

Западно предание[уреди]

Според римокатоличките обичаи, Светиот пехар бил земен од страна на Свети Петар, кој го однел во Рим. По смртта на Петар, преданието вели дека чашата останала на неговите наследници односно идните папи сè додека Папа Сикст II во 258 година не ја испратил за Шпанија, затоа што императорот Валеријан почнал да ги прогонува христијаните. По многу перипетии, пехарот на крајот завршил во Валенсија во 1424 година.

Покрај Валенсија, уште неколку градови во светот, како италијанската Џенова, претендираат дека ја имаат најважната реликвија на христијанството. Така, според христијанската митологија за истиот сад се поврзува и Светиот грал од кој пиел Исус Христос за време на Тајната вечера. Друга верзија е дека Јосиф од Ариматеја ги собрал последните капки крв од телото на Исус кога бил погребaн, и самиот Грал го однел во Велика Британија, каде бил долго време чуван. Во сооднос на ова, се смета дека гралот ја поседува моќта да лекува различни болести или повреди. Темата за барањето на Светиот Грал е приклучена во митовите за кралот Артур.

Можеби најраниот запис за пехарот од Тајната вечера е записот на Арцулф од 7 век, англо-саксонсонец кој пишува дека реликвот се наоѓал во некоја капела во близина на Ерусалим, меѓу базиликата на Голгота и Мартириум.

Иконографија[уреди]

Значењето на иконите се зголемило за време на раниот среден век. Во текот на 14 век во живописотот на црквата во Готланд е прикажан Исус кој се моли во Гетсиманската градина, а светиот пехар стои на врвот на планината.


Видете исто[уреди]