Светилникот во Александрија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Светилник во Александрија
Lighthouse - Thiersch.gif
Цртеж на археологот Херман Тирш (1909).
Податоци
Место Александрија
Земја Египет
Изградбата започнала 280 п.н.е.


Светилникот во Александрија е едно од седумте светски чуда во времето на македонската династија птоломејци. Бил изграден околу 290 година п.н.е. на островот Фарос, блиску до градот Александрија во Египет. Бил разрушен во 1375 година од земјотрес. Денес на истото место има тврдина наречена Каинт Беј.

Светилникот во Александрија

Значење[уреди]

Значењето на Светилникот се согледува во можноста во тоа време да се овозможи на бродовите безбедно патување и враќање во Александрија. Во архитектонска смисла овој светилник имал големо значење затоа што бил најголемата градба во медитеранскиот свет чија светлина можела да се здогледа на растојание до 50 километри од александриското крајбрежје.

Историја[уреди]

Многу брзо по смртта на Александар Македонски, неговиот наследник, Птоломеј I ја преземал власта во Египет. Како својата престолнина ја избрал Александрија, во чија близина се наоѓа островот Фарос, и чие име се смета дека произлегува од зборот Pharao's што означува светлина. Кога Египет бил заземен од страна на арапите, Александрија била опустошена, а нејзиното богатство било разграбено. Светилникот продолжил и за нив да има големо значење и покрај тоа што престолнината на Египет била преместена во Каиро. Во земјотресот од 956 година п.н.е. светилникот бил минимално оштетен. Но, со оглед на специфичната положба на Светилникот, следувале серија од силни земјотреси и тоа во 1303 и 1323 година п.н.е. во кои скоро бил разрушен. Според кажувањата на султанот Мамелук, во самиот град заедно со неговата војска не можел да влезе поради рушевините од самиот светилник, затоа на истото место тој изградил тврдина.

Архитектура[уреди]

Светилникот претставувал кула со височина од 134 метри и на времето бил еден од највисоките конструкции, создадени од човекот. Архитект на Светилникот е Сострат Книдски. Градењето на светилникот траело околу 5 години. Објектот бил на три ката. Бил изграден од бели камења и со трегери.

Долниот дел од Светилникот бил во форма на квадрат со плоштина од 8,5 м2. Четирите ѕидови му биле обрнати во насока на четрите страни на светот. Првиот спрат бил висок околу 57,7метри, вториот кој бил во форма на осмоаголник имал височина од 27 метри. На врвот била поставена статуа на Посејдон со височина од 7 метри.