Света Петка

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Света Петка Трновска)
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија се однесува на светицата Света Петка Епиватска или Света Петка Трновска. За други значења, видете Света Петка.
Икона на која е насликана светицата Света Петка

Св. Петка (позната и како Св. Параскева и како Мајка Параскева) — светица од градот Епиват, кој се наоѓал меѓу Силинаврија и Цариград. Таа била родена кон крајот на 10 век, во петок, денот кога Евреите се подготвуваат за празнување на празникот Сабат (сабота). Затоа, нејзе ѝ го дале името Параскева, што значи „подготовка“. Родителите ѝ биле богати христијани од словенско потекло, а освен Петка, имале и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонашил и подоцна станал епископ Малитски.

По смртта на родителите, девицата Петка, желна за подвижнички живот, го напуштила родителскиот дом и отишла најнапред во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што останала до својата старост. Нејзиниот долг пустински живот во молитва и пост може да биде спореден со 40 дневницата која што Исус ја спроведол в пустина.

Кога св. Петка била стара, еднаш ѝ се јавил ангел и ѝ рекол: „Остави ја пустината и врати се во твојата татковина, таму треба да ѝ го предадеш телото на земјата, а со душата ќе се преселиш кај Господ.“ Света Петка го послушала небесниот глас, ја оставила својата омилена пустина и се вратила во Епиват. Таму, таа поживеала уште две години и умрела во 11 век.

Нејзините чудотворни мошти низ вековите биле пренесувани: во Цариград, во Велико Трново (Бугариjа), па пак во Цариград, па во Белград. Сега, тие се наоѓаат во Романија, во градот Јаши. Во Белград постои вода (агијазма) на Света Петка, којашто чудотворно ги лечи сите болни што и притекнуваат со вера кон светителката. Во Скопје, во населбата Црниче, постои црква посветена на оваа светица.

Празникот посветен на св. Петка се слави на 27 октомври. На иконите на кои е прикажана оваа светица, најчесто стои натписот: „Верувам во еден, единствен Бог и во Светото тројство“. Еден од обичаите кои се практикуваат на празникто на св. Петка е „петолебие“, кога луѓето носат пет лепчиња во црквата, во спомен на настанот од Библијата, кога Исус Христос со пет леба нахранил 5.000 луѓе. Притоа, петте лепчиња се осветуваат, при што едно му се дава на верникот, а четири остануваат во црквата.[1]

Надворешни врски[уреди]


  1. „Испосничката света Петка чува од несреќи“, Дневник, година XVIII, број 5601, понеделник, 27 октомври 2014, стр. 28.