Свенгали

Од Википедија — слободната енциклопедија

Свенгали е името на измислениот хипнотичар во книгата Трилби на Џорџ ду Мориер (George du Maurier) од 1894 година. Сензација во мигот на објавувањето, романот ќе создаде стереотип за изопачениот хипнотичар која постои до денешен ден.

Зборот "Свенгали" влезен е во многу јазици како збор кој означува личност што, со злобна намера, се обидува да натера друга личност да го прави она што таа го посакува. Многу често се употребува за тренер кој се обидува да наметне екстремен степен на доминација врз изведувачот кој го тренира (особено ако личноста е женско и ако е уверена дека може да настапува само во присуство на својот тренер).

Ликот[уреди | уреди извор]

Тој е "или невин или раздразлив, но можеше да биде и навистина дрзок. Поседуваше смисла за циничен хумор, кој почесто беше навредлив отколку забавен, и секогаш се смееше на погрешна работа, во погрешно време, на погрешно место. А неговата смеа секогаш беше груба и полна со злоба."

Свенгали ја претвора Трилби во голем пејач преку хипноза, но таа не може да изведува доколку тој не ѝ помогне да падне во состојба на транс. Односот меѓу Свенгали и Трилби формира само еден мал дел од романот, која во главно е приказ на Боемскиот Париз во 1850-тите.

Занимливости[уреди | уреди извор]

  • Во петтата епизода од четвртата сезона на Зајнфелд (Seinfeld), Елејн ја објаснува силата што нејзиниот психијатар ја има врз неа, погрешно употребувајќи го зборот Svenjolly (jolly - радосен) кога всушност сака да каже Свенгали. Џери на ова реплицира на следниов начин: "Maybe he has, like, a cheerful mental hold on you." (Можеби си игра некоја весела игра со твојот мозок).
  • Хокус Покус, една епизода на Тројцата Комендијанти, прави пародија на ликот на Свенгали нарекувајќи го Svengarlic (garlic - лук).
  • Во Чикаго, домаќинот на едно хорор-шоу се вика Свенгули.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Целосен текст на романот Архивирано на 8 декември 2007 г.