Свази (јазик)

Од Википедија, слободната енциклопедија
(Пренасочено од Свазиски јазик)
Прејди на: содржини, барај
Свазиски јазик
SiSwati
Застапен во Свазиленд, ЈАР, Лесото, Мозамбик
Говорници 2 милиони  (1996–2006)
Јазично семејство
Статус
Службен во  Свазиленд
 ЈАР
Јазични кодови
ISO 639-1 ss
ISO 639-2 ssw
ISO 639-3 ssw
Linguasphere 99-AUT-fe
Гатриев код S.43[1]
Јазикот свази
 лице  лиСвати
 народ  емСвати
 јазик  сиСвати
 држава  еСватини
Географска распространетост на свази во ЈАР: дел од населението што говори свази во домот.
  0–20%
  20–40%
  40–60%
  60–80%
  80–100%
Географска распространетост на свази во ЈАР: густина на населението што говори свази во домот.
  <1 /км²
  1–3 /км²
  3–10 /км²
  10–30 /км²
  30–100 /км²
  100–300 /км²
  300–1000 /км²
  1000–3000 /км²
  >3000 /км²

Свазискиот (свати, сисвати; изворно: siSwati; зулу: isiSwazi) е банту-јазик од групата на нгунски јазици што се говори во Свазиленд и ЈАР од народот Свази. Се смета дека има 3 милиони говорници и е присутен во образованието во Свазиленд и некои јужноафрикански училишта во подрачјето на Мпумаланга и Кангване. Свази е службен јазик во Свазиленд (заедно со англискиот) и еден од 11-те службени јазици на ЈАР.

Изворното име на јазикот е „свати“, но во светот јазикот е попознат по „свази“, неговото име на зулу. Јазикот е најсроден со „тугелскиот“ нгунски јазик пути, но е мошне близок и со „зундските“ нгунски јазици: зулу, јужен ндебеле, северен ндебеле и коса.

Дијалекти[уреди]

Свази во Свазиленд може да се подели на четири дијалекти, што одговара на четирите административни региони во земјата: хохо, лубомбо, манзини и шиселвени.

Јазикот има барем две варијанти: стандардниот, застапен на северниот, централниот и јужниот дел на земјата, и помалку престижната варијанта што се говори на останатите места.

Во најјужните делови од земјата, јазикот има значајни влијанија од зулу. Овој втор дијалект не се смета за вистински свази. Истото важи и за најголем дел од говорниците на свази во ЈАР (претежно во покраината Мпумаланга и во Совето) се сметаат дека говорат нестандарден јазик.

За разлика од варијантата на југот од Свазиленд, варијантата во Мпумаланга има помалку влијанија од зулу, па затоа се смета за поблиска до стандардниот свази. Меѓутоа, оваа варијанта се одликува со мошне различна интонација и тон, што звучи необично за стандардните говорници и се смета дека ова е влијание од другите околни јазици.

Стандардната престижна варијанта (во северен и централен Свазиленд) има карактеристичен бавен ритам со силно нагласување на зборовите.

Фонологија[уреди]

Согласки[уреди]

[2]

  Уснени Забни Венечни Венечни
странични
Преднонепчени
(-венечни)
Заднонепчени Гласилни
Носни m   n   ɲ ŋ  
Избувни pʰ pʼ b ɓ   tʰ tʼ d      kʰ kʼ g ɠ  
Слеани     ts  dz     tʃʼ dʒ     
Струјни f  v   s  z ɬ  ɮ ʃ  ʒ   h  ɦ
Приближни       l j w  
Чкрапави   ǀ ǃ        

Граматика[уреди]

Именки[уреди]

Именката (libito) се состои од два дела: префикс (sicalo) и основа (umsuka). Според префиксите, именките можат да се групираат во класи со свои редни броеви, за полесна споредба со другите банту-јазици.

На следнава табла се дадени именските класи, според паровите еднина-множина.

Класа Еднина Множина
1/2 um(u)-1 ba-, be-
1a/2a Ø- bo-
3/4 um(u)-1 imi-
5/6 li- ema-
7/8 s(i)-2 t(i)-2
9/10 iN-3 tiN-3
11/10 lu-, lw-
14 bu-, b-, tj-
15 ku-

1 umu- го заменува um- пред едносложни основи, како на пр. umuntfu (човек).

2 s- и t- ги заменуваат si- и ti- пред основи што почнуваат на самогласка, како на пр. sandla/tandla (рака/раце).

3 Пополнувачот N во префиксите iN- и tiN- за m, n или воопшто без буква.

Наводи[уреди]

  1. Jouni Filip Maho, 2009. New Updated Guthrie List Online
  2. Su-I Chen and Gloria Malambe, Palatalization in SiSwati: An Optimality Theoretic Approach, in Maddieson & Hinnebusch (eds.), Language History and Linguistic Description in Africa (1998), стр. 138

Надворешни врски[уреди]

Википедија
Издание на Википедија, слободната енциклопедија на свази (јазик)