Саут Парк: поголем, подолг и несечен

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Саут Парк: поголем, подолг и несечен“
South Park movie.jpg
Режирано од Треј Паркер
Продуцент Треј Паркер
Мет Стоун
Сценарист Треј Паркер
Мет Стоун
Пем Брејди
Настапуваат Треј Паркер
Мет Стоун
Мери Кеј Бергман
Ајсак Хејс
Џорџ Клуни
Мајк Џаџ
Музика Треј Паркер
Марк Шајман
Дистрибутер САД: Paramount Pictures
Надвор од сад: Ворнер Брос
Премиера 30 јуни 1999
Времетраење 81 мин.
Држава САД
Јазик англиски
Буџет 21,000,000 долари
Бруто заработка 83,137,603 долари

Саут Парк: поголем, подолг и несечен е анимиран филм направен во 1999, базиран на анимираната телевизиска серија Саут Парк. Филмот е сатира/мјузикл по жанр. Филмот е пародија на некои филмови на Волт Дизни како Убавицата и ѕверот и бродвејскиот мјузикл Клетници. Во филмот има 12 песни создадени од Треј Паркер и Марк Шајман. Песната „Обвинете ја Канада“ беше номинирана за Оскар, а песната „Вујко ебач“ доби ЕмТиВи филм награда за најдобра музичка нумера. Филмот беше продуциран од Парамаунт во асоцијација со Комеди Сентрал, а дистрибуиран од Ворнер Брос надвор од САД.

Дејство[уреди]

Стен, Кени, Кајл и Картмен одат во кино да го гледаат најновиот канадски филм „Запалени газови“ со Теренс и Филип во главните улоги; филм полн со пцости. Децата ги научуваат сите овие зборови и ги користат насекаде – дома, на училиште, со другарите. По нив, сите други нивни другарчиња одат да го гледаат филмот и потоа се однесуваат слично како нив. Кога нивните мајки ќе дознаат за ова, членовите на родителскиот одбор на Саут Парк на чело со Шила Брофловски, мајката на Кајл, се обидуваат да го забранат филмот. Во меѓувреме, Венди Тестабургер, симпатијата на Стен, почнува да се дружи со Грегори од Јардејл, ново момче во училиштето и многу образовано, а тоа на Стен му смета. Стен го замолува Готвачот да му помогне, а тој во избрзан одговор му кажува дека треба да го најде клиторисот за да направи девојка му да го сака, и го остава збунет.

Момчињата одат повторно да го гледаат филмот, а по прикажувањето, Картмен и Кени се караат за тоа дали е возможно да се запали прдеж – нешто што го виделе во филмот. Кени се обидува да го постигне ова и притоа сиот изгорува. Кени подоцна умира поради тоа што докторите му ставаат испечен компир наместо срце. По смртта, Кени оди во пеколот.

Г-ѓа Брофловски создава организација наречена „Мајки против Канада“, со која ги затвораат Теренс и Филип. Канаѓаните им возвраќаат со тоа што ја бомбардираат резиденцијата на браќата Болдвин. САД ѝ објавува војна на Канада и наредува погубување за „воените злосторници“ Теренс и Филип. Откако г-ѓа Брофловски ќе го слушне Картмен како ја пее песната „Мајка му на Кајл е кучка“, на Картмен ќе му биде вграден В-чип во мозокот кој создава мали електро-шокови секогаш кога Картмен ќе каже безобразен збор.

Во меѓувреме, во пеколот, Сатана го мачи Кени кога Садам Хусеин се појавува и се открива дека му е љубовник на Сатана. Сатана открива дека војна избила на Земјата и вели дека било речено тој да се врати на Земјата штом крвта на „невините“ ќе се пролее на земјиното тло. Садам Хусеин вели дека тој сака да владее со Земјата, но Сатана не може да му се спротивстави. Кени го советува Сатана да го остави Садам; тој се согласува, но не може да го стори тоа. Се согласуваат заедно да излезат на површината.

Поради одлуката Теренс и Филип да бидат погубени, Кајл, Стен и Картмен го форираат „Отпорот“ (La resistance). Грегори смислува смел план за да ги спасат Теренс и Филип. Стен е уверен дека Венди ќе го сака повеќе од Грегори ако е поголем „политичар“, па волонтира да оди на мисијата. Стен, Кајл и Картмен одат да најдат едно француско момче кое го мрази Господ и чиј прекар е „Крт“. Кртот прифаќа да оди да ги спаси Теренс и Филип, за чие погубување е направено цело шоу. Насекаде, канаѓаните ги носат во „смртоносни кампови“, па Кајл е приморан да го скрие брат му Ајк (кој е канаѓанец) на таван.

Шоуто започнува и момчињата започнуваат со реализација на планот. Картмен е задолжен да ја исклучи струјата пред да почне погубувањето, но духот на Кени му се појавува да го предупреди за доаѓањето на Садам и Сатана и тој бега без да ја исклучи струјата, а со тоа Кртот го фаќаат и го убиваат полициски кучиња. Кајл и Стен очајно трчаат кон сцената за да го спречат погубувањето, но Кајл не може да ѝ се спротивстави на мајка му. Г-ѓа Брофловски наредува егзекуцијата да почне.

Одеднаш започнува напад од страна на Канада. Картмен брза да ја исклучи струјата и малку ќе го дрмне, со што се расипува В-чипот. Почнува војната меѓу Америка и Канада. Стен го наоѓа „клиторисот“ кој му кажува дека треба да ги спаси Теренс и Филип. Тој прашува за Венди, а клиторисот му одговара дека треба да има самодоверба, бидејќи „девојките го сакаат тоа“. Теренс и Филип се обидуваат да избегаат, но г-ѓа Брофловски и американските сили ги фаќаат во небрано. Стен, Кајл и останатите членови на отпорот застануваат пред нив. Кајл конечно се спротивставува на мајка му и ѝ вели дека сака војната да престане. Таа го игнорира и ги убива Теренс и Филип.

Кога крвта го допира земјиното тло, Сатана и Садам излегуваат од пеколот. Но Садам сака да има повеќе сила од Сатана и ги тера сите да му се поклонат. Кени инсистира Сатана да му се спротивстави на Садам. Картмен открива дека се здобил со моќ да фрла електрична енергија откако го дрмнало струја и се расипал чипот. Со ова, тој го напаѓа Садам. Садам го повикува Сатана напомош, но Сатана конечно вели дека било доволно и го убива.

Сатана му се заблагодарува на Кени и му исполнува една желба – сѐ да се врати како што било пред војната, иако тоа би значело Кени повторно да се врати во пеколот. Венди го бакнува Стен и му вели дека не ѝ се допаѓал Грегори. Сите пеат песна за среќниот крај, а во последната сцена го гледаме Кени како оди во рајот.

Гласови[уреди]

Главни гласови[уреди]

Гостувачки гласови[уреди]


Додатни гласови[уреди]

Прием[уреди]

Филмските критичари воглавно беа ентузијасти за интелигентната и забавна политичка сатира. Има рејтинг од 80% на Rotten Tomatoes. [1] Во 2008, Entertainment Weekly го стави филмот на листата „25 филмови за кои би сакале продолжение“[2] и „Најсмешните филмови во последните 25 години“.[3]

Во 2001, филмот влезе во Гинисовата книга на рекорди како анимиран филм со најмногу пцости (399 безобразни зборови; 146 пати fuck (ебење), 79 shit (лајненици) и 66 bitch (кучка), 128 навредливи гестови и 221 насилни акти). Еднаш на секои шест секунди.

Филмот беше забранет во Ирак поради прикажувањето на Садам Хусеин како љубовник на Сатана. [4] Кога на вистинскиот Садам му судеа за геноцид во 2006, Мет Стоун се шегуваше дека војската на САД сигурно постојано му го пушта овој филм како форма на мачење. [5]

Награди[уреди]

Номиниран за Оскар за најдобра песна – „Обвинете ја Канада“ (“Blame Canada”) беше изведена од Робин Вилијамс на доделувањето на наградите.

Тоа е втората песна со пцости да биде номинирана за Оскар.

Мери Кеј Бергман, глумицата која ги зборува повеќето од женските улоги во филмот, требаше да ја пее песната на Оскарите, но изврши самоубиство поради психичко растројство неколку месеци пред премиерата на филмот. Креаторите Треј Паркер и Мет Стоун се појавија како трансвестити облечени како Џенифер Лопез на Греми наградите и Гвинет Полтроу на Оскарите во 1998.

Покрај тоа, освои многу други награди за саундтрак и анимиран филм.

  • Филмот е номиниран од Американскиот филмски институт за нивната листа на најдобри мјузикли.[6]
  • Во 2006, Саут Парк се најде на 4. место на листата најсмешни филмови направена од британскиот Канал 4.[7]
  • Во 2006, читателите на Empire Magazine го изгласа како 166-ти најдобар филм на сите времиња.
  • Во 2001, Тери Гилијам го одбра како еден од десетте најдобри анимирани филмови на сите времиња.[8]
  • Во 2000, читателите на Total Film списанието го изгласаа филмот како 13-та најдобра комедија на сите времиња.
  • Филмот е на петто место на листата најсмешни филмови на Браво.

Белешки[уреди]