Сателити на Марс

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Слика во боја од Фобос, добиена од Mars Reconnaissance Orbiter на 23 март 2008
Слика во боја од Дејмос, добиена од Mars Reconnaissance Orbiter на 21 февруари 2009

Марс има два мали сателити, Фобос и Дејмос, за кои се смета дека се заробени астероиди.

Двата сателити биле откриени во 1877 год. од Асаф Хол, и наречени според ликовите Фобос (паника/страв) и Дејмос (терор/ужас) кои, во грчката митологија, го следеле својот татко Арес, богот на војната, во битките. Арес кај Римјаните бил познат како Марс.

Историја[уреди]

Откривањето на двата сателити на Марс, Фобос и Дејмос, се случило во 1877 год. кога американскиот астроном Асаф Хол ги идентификувал после долга потрага, иако нивното постоење се шпекулирало и пред тоа.

Рани шпекулации[уреди]

Можноста за постоење на марсови сателити била шпекулирана уште пред откривањето од Хол. Астрономот Јоханес Кеплер (1571-1630) дури и точно го предвидел нивниот број, иако со погрешна логика: тој напишал дека откако Јупитер имал четири познати сателити и Земјата имала еден, било само природно дека Марс треба да има два.[1]

Име и изговор Слика Дијаметар (km) Маса (kg)
Mars I Фобос /ˈfoʊbəs/
FOE-bəs
Phobos moon (large).jpg
22.2 km (27×21.6×18.8) 1.08×1016
Mars II Дејмос /ˈdaɪməs/
DYE-məs
Deimos-viking1.jpg
12.6 km (10×12×16) 2×1015


Наводи[уреди]