Сапвуахфук

Координати: 5°48′47″N 157°16′36″E / 5.813056° СГШ; 157.276667° ИГД / 5.813056; 157.276667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Сателитска снимка на атолот.

Сапвуахфук или порано познат како Нгатик е атол во сојузната држава Понпеј во Микронезија.

Историја[уреди | уреди извор]

Европејците слушнале за атолот во 1773 година кога Фелипе Томпсон пристигнал на атолот. Атолот е познат по Масакрот на Нгатик од 1837 година.

Географија[уреди | уреди извор]

Атолот се наоѓа на 150 км југозападно од Понпеј. Атолот е составен од 10 островчиња и корален гребен. Најголем остров на атолот е Нгатик во западниот дел од атолот. Атолот е долг 22.5 километри и широк 9.6 км. Лагуната има 78.56 км2. Нгатик е единствен населен остров на атолот.[1]

Островите на атолот се:

остров површина
км2[1]
местоположба
Нгатик 0.906 запад
Пејна 0.206 север
Биген Каракар 0.025 североисток
Јируп 0.023 исток
Биген Келанг 0.047 исток
Пикепе 0.009 исток
Декехман 0.009 исток
Ват 0,281 исток
Пикенметков 0.006 југоисток
Уаталук 0.039 југ
Сапвуахфук 1.551 корален гребен

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Donald W. Buden: The Reptiles of Sapwuahfik Atoll, Federated States of Micronesia“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-06-27. Посетено на 2012-04-11.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

5°48′47″N 157°16′36″E / 5.813056° СГШ; 157.276667° ИГД / 5.813056; 157.276667