Сан Диего

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Сан Диего, Калифорнија)
Ноќен поглед на Сан Диего

Сан Диего (англиски: San Diego) е град во јужна Калифорнија, во близина на Мексиканската граница, со 1.223.400 жители. Сан Диего е најјужното пристаниште во САД на плажата на Тихи Океан. Основан е во 1867, недалеку од мисијата која ја направиле Шпанците во 1769. Со внатрешноста е поврзан дури во 1864. Според историските написи на племето Kumeyaay, Сан Диего е првиот град посетен од Европејците на онаа страна што сега е западниот брег на САД. Сан Диего потекнува од 1542 година, кога Juan Rodríguez Cabrillo ги поставил првите бази од Шпанија. Presidio и Mission San Diego de Alcalá го пронашле во 1769 и ја формирале првата европска населба на местото каде што сега е Калифорнија. Во 1821 година Сан Диего станува дел од првата независна мексиканска држава. Во 1850 година станува дел од САД која го добива после американско-мексиканската војна.