Санта Круз (покраина)
|
|
| Главен град | Рио Галегос |
| Површина | 293,993 km² |
| Население | 196,958 (2001) |
| Густина | 0.81/km² |
| Гувернер | Др. Даниел Пералта |
| Демоним | Сантакрузец (Santacruceño) |
| ISO 3166-2 | AR-Z |
Санта Круз (шпански: Santa Cruz) е покраина во Аргентина, сместена во јужниот дел на земјата во Патагонија. Се граничи со покраината Чубут на север, и Чиле на запад и југ. На исток се грнаичи со Атлантикот.
Содржина |
Географија и клима [уреди]
Јужниот дел од покраината се наоѓа во студениот појас и има изобилство на глечери.
Просечната температура изнесува 13 °C во лето и 3° во зима, со падови до -25°. Дождови има само до 200 мм годишно.
Реки кои течат во оваа област се Десеадо, Санта Круз, Галегос, Којле, Чико и Пинтурас.
Економија [уреди]
Најпозната гранка на индустријата е петролејството со годишно производство од 4,5 милиони м3]] нафта и 3 милиони м3 гас, најмногу во рафинериите Пико Трункадо, „Кањадон Секо“ и „Серо Редондо“.
Се копа и јаглен (во „Рио Турбио“) со околу еден милион м3 годишно. Има и рудници на злато („Серо Вангардија“), глина, гипс, сол и др.
Административна поделба [уреди]
Провинцијата има 7 департмани:
Департмант (Главен град)
- Корпен Аике (Пуерто Санта Круз)
- Десеадо(Пуерто Десеадо)
- Гуер Аике (Рио Галегос)
- Лаго Аргентино (Ел Калафате)
- Лаго Буенос Аирес (Перито Морено)
- Магаланес (Пуерто Сан Хулиан)
- Рио Чико Департман (Гобернадор Грегорес)
Поврзано [уреди]
Надворешни врски [уреди]
|
||||||||||