Самуел Санчез

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Самуел Санчез

Санчез во точкаста маичка на Тур де Франс 2011
Лични податоци
Цело име Самуел Санчез Гонзалез
Прекар Саму, Сами
Роден 5 февруари 1978 (1978-02-05) (36 г.)
Овиедо, Шпанија
Висина 1,81 м
Маса 68 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб БМЦ Рејсинг Тим
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Универзален возач
Професионални клубови
2000–2013
2014–
Еускалтел-Еускади
БМЦ Рејсинг Тим
Значајни победи
Гранд Тур
Тур де Франс
Jersey polkadot.svg Планински пласман (2011)
1 индивидуална етапа
Вуелта а Еспања
5 индивидуални етапи

Етапни трки

Вуелта а Бургос (2010)
Трка околу Баскија (2012)

Еднодневни трки и класици

Gold medal.svg Олимписка друмска трка (2008)
Цири-Мецгете (2006)
Ескалада а Монхуик (2004, 2005)
ГП Лодио (2009)
ГП Мигуел Индуран (2011)
Класика Примавера (2010)
Последна промена
8 февруари 2014

Самуел „Сами“ Санчез Гонзалез[1] (шпански: Samuel "Sammy" Sánchez González; р. 5 февруари 1978 во Овиедо, Астурија) — шпански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата БМЦ Рејсинг Тим.[2] Тој бил освојувач на златен медал на машката друмска трка на олимпијадата во Пекинг. Во минатите години, Санчез се докажал себеси во ридските класици и етапните трки, како еден од најважните возачи во главната група. Исто така, тој е еден од најдобрите спустачи во групата.

Кариера[уреди]

Ја започнал неговата професионална кариера во 2000 во шпанската екипа Еускалтел-Еускади и сè уште вози за таа екипа.[3]

Рана кариера[уреди]

Во 2003, Санчез завршил шести на Лиеж-Бастон-Лиеж и трет во генералниот пласман на Трката околу Баскија. Следната година, бил четврти на Лиеж-Бастон-Лиеж и 15. во генералниот пласман на неговиот прв Вуелта а Еспања. Ја постигнал неговата прва голема победа во 2005, кога победил на 13. етапа на Вуелта а Еспања, завршувајќи 11. во генералниот пласман. Откако победникот Роберто Херас бил позитивен на резултатите за допинг, Санчез бил преместен на десеттото место.

2006[уреди]

Во 2006, Санчез додал две етапни победи на Вуелта ал Паис Васко и второ место на стрмното завршно искачување на белгискиот пролетен класик Флеш Валон. Санчез освоил две етапи на Трката околу Баскија. Завршил 4. во генералниот пласман во Париз-Ница, освојувајќи го и бодовниот пласман. На Вуелта а Еспања ја освоил 13. етапа (како и претходната година) со смел напад во делот со спуст и завршил седми во генералниот пласман. На светските првенства во австрискиот град Салцбург, Санчез одиграл голем дел од создавањето на одлучувачката предност во последниот километар за неговиот водач Алехандро Валверде. Самиот Санчез завршил четврти зад Паоло Бетини, Ерик Забел и Валверде. Една недела подоцна го освоил Цири-Мецгете, неговиот прв класик. Со 12 преостанати километри, тој нападнал сам во Цирих со пола минути пред Стјуарт О’Грејди и Давиде Ребелин.[4] Две недели подоцна завршил втор на Џиро ди Ломбардија и го обезбедил неговото второ место во крајниот пласман во UCI ProTour.

2007[уреди]

Санчез на Еускал Бициклета 2007

Следната сезона Санчез започнал со деветто место на Париз-Ница и го освоил последниот хронометар на Вуелта ал Паис Васко, завршувајќи трет во генералниот пласман. По сезоната на класици без победа, Санчез ја освоил последната етапа на Волта а Каталуња. На Вуелта а Еспања ја освоил 15. етапа пред Мануел Белтран, откако нападнал во Алто де Монахил, покажувајќи ги неговите вештини за брз спуст, со што го достигнал Белтран во Гранада. Белтран побарал од Санчез да го пушти да победи, но возачот на Еускалтел одбил да му пружи такво задоволство, бидејќи сакал оваа победа да ја посвети на неговиот син, кој се очекувал да биде роден во март 2008. Санчез имал предност од неколку метри и ја достигнал линијата на целта со гест како држи бебе во рацете.[5] Исто така, ја освоил и последната планинска етапа до Алто де Абантос и последниот хронометар, дозволувајќи му да биде на третото место во генералниот пласман.[6] Ова значи дека станал прв возач на Еускалтел-Еускади, кој доспеал на подиу во трка од Гранд Тур.

2008[уреди]

Санчез возел на Тур де Франс за првпат и завршил шести во генералниот пласман.

На 9 август 2008, Санчез ја освоил олимписката друмска трка со 90% влажност на воздухот и смог, трка во која двапати се возел секој круг низ камени порти на Кинескиот Ѕид. На околу четвртина од патот на трката, се одвоила група од 26 возачи од главната група, кои имале шанси да победат, но Санчез не бил еден од нив.

Санчез и неговиот шпански сонародник, заедно со силна помош од Италијанците и Русите, ја повеле главната група напред и ги достигнале побегнатите членови; и на преостанати 20 километри, Санчез и група од двајца побегнати возачи отишле напред, единствено биле достигнати од швајцарскиот возач Фабијан Канчелара, Русинот Александар Колобнев и Австралиецот Мајкл Роџерс. По спринтерската завршница од шест возачи, која водела на стрмнина до камената порта на Ѕидот за последен пат, Санчез завршил едно тркало пред Италијанецот Давиде Ребелин во борбата за златниот медал, при што Канчелара ја земал бронзата.[7][8]

2009[уреди]

Санчез го освоил ГП Лодио. Тој бил трет во генералниот пласман на Трката околу Баскија, освојувајќи го бодовниот пласман. Завршил втор зад Алехандро Валверде на Вуелта а Еспања, негов втор подиум на трката. Исто така, Санчез завршил втор на Џиро ди Ломбардија, откако бил престигнат од Филип Жилбер, кој нападнал на последното искачување. Двоецот соработувал заедно до последниот километар со цел да се оддалечат од групата во текот на спустот, но Санчез изгубил во спринтот за половина тркало.[9]

2010[уреди]

Санчез бил прв во генералниот пласман на Вуелта а Бургос, каде освоил и две етапи и бодовниот пласман. Исто така, победил и на Трката околу Баскија (притоа, повторно освојувајќи го бодовниот пласман и на оваа трка). Санчез се појавил со добра форма на Тур де Франс, каде завршил четврти во генералниот пласман[10] (откако го изгубил подиумот од Денис Мењшов на последниот хронометар[11]).

2011[уреди]

Санчез бил меѓу фаворитите на Тур де Франс 2011, но серијата на падови во првата недела се одразила на него во генералниот пласман, како трката влегла на Пиринеите. На етапата 12, првата завршница на етапа на врв на трката, Санчез ги нападнал кандидатите за генерален пласман на последното искачување, ја победил етапата и повратил некое време. Изменетиот систем на бодување за планинскиот пласман, исто така значел дека Санчез ја презема точкастата маичка.[12] Меѓутоа, Жереми Роа ја презел маичката следниот ден. На етапата 14, следната цел на врв, Санчез повторно ги нападнал кандидатите за генерален пласман и завршил втор на етапата, со што станал шести во генералниот пласман.[13] Тој се поместил на петтото место на етапата 16, бидејќи тој, Кедел Еванс и Алберто Контадор добиле време пред другите фаворитите по бегството во Гап.[14] Меѓутоа, на етапата 18, Санчез загубил време на Кол ду Галибие и паднал на осмото место во генералниот пласман.[15] Иако на следната етапа, тој и Контадор нападнале на Алп д‘Ез, сепак Санчез завршил втор зад Пјер Ролан.[16] Овој резултат го поместил него на седмото место и всушност значело дека го освоил планинскиот пласман, бидејќи повеќе немало ридско-планински етапи до крајот на трката. Санчез се придвижил напред пред Дамијано Кунего во последниот хронометар, со што завршил на шестото место на Тур де Франс и победник во планинскиот пласман.[17]

2012[уреди]

Во 2012, Санчез се насочил кон Тур де Франс и Олимписките игри. Ја започнал сезоната во добра форма, кога победил на Трката околу Баскија. Ја освоил етапата 3, која била сметана како кралска етапа на трката, достигнувајќи ги Хоаким Родригез и Крис Хорнер на последното искачување на етапата.[18] Потоа, повторно успеал на шестата и последна етапа, индивидуален хронометар, кој се одржал во Оњати. Ја преземал водечката маичка од Родригез и го освоил генералниот пласман со предност од 12 секунди пред возачот на Тим Катјуша.[19] Меѓутоа, имал лоша среќа на осмата етапа на Тур де Франс, кога доживеал тежок пад по изминати 60 километри од трката. Санчез бил приморан да ја напушти трката поради бројните повреди, скршено коска на прст и лоши модрици на грбот и рамената.[20][21]

2013[уреди]

Во 2013, Санчез целел на Џиро д’Италија. Меѓутоа, успеал да заврши само на 12. место во генералниот пласман, иако сè уште се опоравувал од повредата во текот на последните изданија на Тур де Франс. По Џиро, Санчез ја освоил шестата етапа на Критериум ду Дофине, откако го претекнал Јакоб Фуглсанг.

Достигнувања[уреди]

2000
2. Тро Бро Леон
2003
2. Краен пласман Тур ди Хаут Вар
3. Краен пласман Трка околу Баскија
6. Лиеж-Бастон-Лиеж
2004
1. Ескалада а Монхуик
4. Лиеж-Бастон-Лиеж
2005
1. Ескалада а Монхуик
10. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 13
2006
Трка околу Баскија
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Цири-Мецгете
1. Етапа 3 Вуелта а Астурија
2. Џиро ди Ломбардија
2. Флеш Валон
4. Светско друмско првенство
4. Краен пласман Париз-Ница
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
7. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 13
2007
1. Етапа 7 Волта а Каталуња
3. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 15
1. Етапа 19
1. Етапа 20 (ITT)
3. Краен пласман Трка околу Баскија
1. Етапа 6
3. Џиро ди Ломбардија
2008
1. Gold medal.svg Олимписка друмска трка
1. Етапа 2b Вуелта а Астурија
6. Краен пласман Тур де Франс
2009
1. ГП Лодио
2. Краен пласман Вуелта а Еспања
2. Џиро ди Ломбардија
3. Краен пласман Трка околу Баскија
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
4. Флеш Валон
4. Светско друмско првенство
2010
1. Класика Примавера
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Вуелта а Бургос
1. Етапа 2
1. Етапа 5
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 4 Трка околу Баскија
1. Jersey white.svg Бодовен пласман
3. Краен пласман Тур де Франс
4. Краен пласман Париз-Ница
6. Џиро ди Ломбардија
9. Класика де Сан Себастијан
3. Критериум Чихуахуа
2011
1. ГП Мигуел Индуран
3. Флеш Валон
5. Краен пласман Париз-Ница
5. Краен пласман Тур де Франс
1. Jersey polkadot.svg Планински пласман
1. Етапа 12
6. Краен пласман Трка околу Баскија
1. Етапа 4
4. Краен пласман Вуелта а Бургос
1. Етапа 1
2012
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Трка околу Баскија
1. Етапа 3
1. Етапа 6 (ITT)
1. Jersey white.svg Бодовен пласман
2. Краен пласман Волта а Каталуња
1. Етапа 6
2. Џиро ди Ломбардија
7. Амстел Голд Рејс
7. Лиеж-Бастон-Лиеж
2013
8. Краен пласман Вуелта а Бургос
8. Краен пласман Вуелта а Еспања
9. Краен пласман Критериум ду Дофине
1. Етапа 7

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013
Jersey pink.svg Џиро 17 12
Jersey yellow.svg Тур СО СО 6 3 5 СО
Jersey red.svg Вуелта 15 10 7 3 2 8

СО = се откажал

Наводи[уреди]

  1. Ник, Леган (14 јули 2009). „Tour de France Pro Bike: Stage 12 winner Sammy Sanchez’s Olympic champ bike“. „VeloNews“. Competitor Group, Inc.. http://velonews.competitor.com/2011/07/tour-de-france/tour-de-france-pro-bike-stage-12-winner-sammy-sanchezs-olympic-champ-bike_183947. конс. 24 април 2011. 
  2. Самуел Санчез му се приклучува на БМЦ Рејсинг за 2014“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 2 февруари 2014 (конс. 2 февруари 2014).
  3. Урабуру, Бенито. „Euskaltel ya tiene completo su equipo para 2013 con diez nuevos fichajes“, „El Diario Vasco“, Grupo Vocento, 21 октомври 2012 (конс. 5 јануари 2013). (на шпански)
  4. www.cyclingnews.com ви го претставува 93. Цири-Мецгете - Првенство на Цирих
  5. Самуел Санчез ја освоил 15. етапа на шпанската Вуелта
  6. www.cyclingnews.com ви го претставува 62. издание на Вуелта а Еспања
  7. „Олимписки игри, машка друмска трка“. BikeRadar. http://www.bikeradar.com/racing/racestage/report/29th-olympic-games-mens-road-race-379/. конс. 4 април 2012. 
  8. „Санчез го освоил златото за Шпанија“. Nowpublic.com. http://www.nowpublic.com/sports/sanchez-wins-cycling-gold-spain. конс. 4 април 2012. 
  9. Шејн Стоукс. „Жилбер триумфира во Ломбардија“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 17 октомври 2009 (конс. 19 септември 2012).
  10. „Тур де Франс - 2010“. Letour.fr. 1 декември 1994. http://www.letour.fr/2010/TDF/LIVE/us/2000/classement/index.html. конс. 4 април 2012. 
  11. „Мењшов е трет на Тур де Франс“. The Moscow News. 29 јули 2010. http://www.themoscownews.com/sports/20100729/187958316.html. конс. 4 април 2012. 
  12. „ББС Спорт - Тур де Франс 2011: Санчез ја освоил етапата 12“. BBC News. 14 јули 2011. http://news.bbc.co.uk/sport1/hi/cycling/14159805.stm. конс. 4 април 2012. 
  13. by Simon_MacMichael on July 16, 2011 - 16:27 (16 јули 2011). „Тур де Франс, Етапа 14: Ванендерт победи на Плато де Бел пред фаворитите“. road.cc. http://road.cc/content/news/38970-tour-de-france-stage-14-vanendert-wins-plateau-de-beille-amid-gc-stalemate. конс. 4 април 2012. 
  14. [1]
  15. „Pro Cycling News“. Daily Peloton. 21 јули 2011. http://www.dailypeloton.com/displayarticle.asp?pk=19062. конс. 4 април 2012. 
  16. „ББС Спорт - Тур де Франс: Енди Шлек ја зема жолтата маичка на етапата 19“. BBC News. 22 јули 2011. http://news.bbc.co.uk/sport1/hi/cycling/14253301.stm. конс. 4 април 2012. 
  17. [2]
  18. Самуел Санчез ја освои кралската етапа и жолтата маичка на Трката околу Баскија“, „The Epoch Times“, 4 април 2012 (конс. 15 декември 2012).
  19. Санчез победи на хронометарот и ја освои Баскија“, „Yahoo! Eurosport“, TF1 Group, 7 април 2012 (конс. 15 декември 2012 2012).
  20. Fotheringham, Alasdair. „Sánchez recounts tale of broken finger and broken Tour dreams“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 9 јули 2012 (конс. 9 јули 2012).
  21. Фотерингам, Аласдер. „Самуел Санчез се повлекол од Тур де Франс“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 8 јули 2012 (конс. 8 јули 2012).

Надворешни врски[уреди]