Самрак (филм од 2008)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Самрак
Twilight
Twilightpostermedium.jpg
Театралниот издавачки постер
Режирано од Кетрин Хардвик
Продуцент Марк Морган
Грег Морејдиен
Вајк Годфри
Сценарист Роман:
Стефани Мајер
Сценарио:
Мелиса Розенберг
Настапуваат Кристен Стјуарт
Роберт Патинсон
Музика Картер Бурвл
Кинематографија Елиот Дејвис
Монтажа Ненси Ричардсон
Дистрибутер Summit Entertainment (САД)
Entertainment One Ltd. (ОК)[1]
Премиера 21 ноември, 2008 (САД, Канада)
11 декември, 2008 (Австралија)
19 декември, 2008 (Обединето Кралство)
26 декември, 2008 (Нов Зеланд)
Времетраење 121 мин.[2]
Држава САД
Јазик Англиски
Буџет 37,000,000 долари[3]
Бруто заработка 382,133,300 долари [4]
Следен Млада месечина

Самрак (англиски: Twilight) е американски романтично-фантастичен филм од 2008, режиран од Кетрин Хардвик, а базиран на истоимениот роман од Стефани Мајер. Улогата на протагонисти во филмот ја имаат Кристен Стјуарт и Роберт Патинсон во улогите на Бела Свон и Едвард Кален, соодветно. Заплетот се фокусира на тинејџерка и вампир, кои се вљубуваат еден во друг.

Проектот бил во изработка кај Paramount Pictures околу три години пред да биде превземен од Summit Entertainment. Романот е адаптиран за големото платно од Мелиса Розенберг во доцната 2007, кратко пред Штрајкот на здружението на сценаристи на Америка во 2007–2008. Првично филмот бил сниман во Вашингтон и Орегон во раната 2008. Самрак за првпат беше прикажуван во кината на 21 ноември, 2008[5] и се здобива со 35.7 милиони долари уште од првиот ден на прикажување.[6] Се од 30 мај, 2009, филмот има заработено 382,133,300 американски долари во светската благајна[4] и 148,771,132 долари во Северна Америка, во поражба на DVD изданија од филмот.[7] Саунтракот беше издаден на 4 ноември, 2008.[8]

Синопсис[уреди]

Седумнаесет годишната Бела Свон се преселува во Форкс, Вашингтон за да живее со својот татко, Чарли, откако мајка ѝ и нејзинот очув одат на патување. Таа брзо се спријателува со повеќето деца од новото училиште, но дознава и за една мистериозна група од ученици позната како Каленови, група од ученици која е изолирана од останатите. Бела седнува до еден член од таа група, Едвард Кален на часот по биологија на нејзиниот прв ден, но тој се покажува како многу непријатен и покажува знаци дека се гади од неа што ја збунува Бела. По неколку дена, во училишниот двор една кола токму пред да се удри во Бела, Едвард ненајдено скокнува пред неа и ја спасува Бела удирајќи ја колата. По ова Едвард одбива да и објасни на Бела како го извел тоа што ја натерува Бела да почне се повеќе да се интересира за него.

По неколку истражувања Бела открива дека Едвард е вампир, но вампир кој се храни само со животинска крв, а не човечка и поради тоа тие започнуваат врска. Откако Едвард ја запознава Бела со неговото семејство, Карлајл, Есме, Алис, Џаспер, Емет и Розали, три номадски — вампири Џејмс, Викторија и Лорент дознаваат за врската на Бела и Едвард и решаваат да ја убијат Бела. Џејмс, вампир - трагач, е загрозен поради презаштитноста на Едвард кон обичен човек и решава да ја прогонува и да ја убие само поради забава. Едвард и неговото семејство решаваат да си ги ризикуваат своите животи за да ја заштитат Бела, но Џејмс ја надитрува лажејќи ја дека ја има мајка ѝ како заложник. Џејмс ја фаќа, ја напаѓа и ја гризнува Бела, но Едвард заедно со останатите членови од неговото семејство, пристигнува токму на време пред Џејмс да ја убие. Џејмс е убиен и Едвард го исцицува отровот од гризнувањето на Џејмс од раката на Бела, спречувајќи ја да стане вампир. Повредената Бела е однесена во болница и е излечена. По ова Бела и Едвард решаваат да одат на училишната матура каде Бела изразува желба да стане вампир, но Едвард одбива. Филмот завршува покажувајќи ја Викторија на матурската како ги гледа Бела и Едвард, подготвувајќи се да го одмазди својот сакан Џејмс.

Продукција[уреди]

Тие можеа (се мисли не првичното сценарио кога проектот сѐ уште беше кај Paramount) да го снимаат филмот и да не го наречеа Самрак бидејќи тоа сценарио немаше никаква врска со книгата, а за жал тоа е малку застрашувачко. Кога Summit влегоа во играта, тие беа толку отворени што ни дозволуваа ние да правиме правила за нив, на пример јас им реков „Значи, Бела не може да биде музичка ѕвезда. Бела не може да има пиштол или очила за навечер. И никако опрема за скијање. Ќе може така што направиме?” И тие едноставно не се ни побунија, едноставно беа супер!
— авторот на Самрак Стефини Мејер[9]


Развој[уреди]

Фантастично романтичниот роман на Стефани Мајер, Самрак најпрвин беше обработуван од страна на подружникот на Paramount Pictures, MTV Films во април 2004, но сценариото развиено од нивна страна беше премногу различно од изворниот материјал.[3][9] Кога Summit Entertainment прерасна во вистинско полно работно студио во април 2007, започна одново да го преработува романот,[10] се разбира откако ги откупи правата од Paramount.[11] Компанијата согледала во филмот шанса за правење и продолженија поради големиот постигнат успех на книгите на Мејер.[12][13]Тоа лето, Кетрин Хардвик беше одбрана да го режира филмот, а Мелиса Росенберг да го пишува сценариото.[14]


Референции[уреди]

  1. Reuters (2008-06-25). "Entertainment One Ltd. announces results for first full year of operations". Соопштение за печат.  (консултирано на 2008-10-28)
  2. bbfc. „TWILIGHT rated 12A by the BBFC“, bbfc, 21 ноември 2008 (конс. 21 ноември 2008).
  3. 3,0 3,1 Nicole Sperling. „'Twilight': Inside the First Stephenie Meyer Movie“, „Entertainment Weekly“, Time Inc, 10 јули 2008 (конс. 26 јули 2008).
  4. 4,0 4,1 „Twilight (2008)“. Box Office Mojo. 21 ноември 2008. http://www.boxofficemojo.com/movies/?id=twilight08.htm. конс. 30 мај 2009. 
  5. Anne Thompson. „'Twilight' moves into 'Potter's' place“, „Variety“, Reed Business Information, 15 август 2008 (конс. 13 октомври 2008).
  6. Rich, Joshua. „'Twilight' grosses $35.7 mil on Friday“, „EW.com“, Entertainment, 22 ноември 2008 (конс. 24 октомври 2008).
  7. „Twilight - DVD Sales“. The Numbers. 22 март 2009. http://www.the-numbers.com/movies/2008/TWLIT-DVD.php. конс. 30 мај 2009. 
  8. James Montgomery. „'Twilight' Exclusive: Paramore To Contribute Two New Songs To Film's Soundtrack“, MTV, 18 септември 2008 (конс. 19 септември 2008).
  9. 9,0 9,1 Christina Radish (17 септември 2008). „Twilight's Author and Director Talk About Bringing The Film To Life“. MediaBlvd Magazine. http://www.mediablvd.com/magazine/the_news/celebrity/twilight's_author_and_director_talk_about_bringing_the_film_to_life_200809171287.html. конс. 31 октомври 2008. 
  10. Dave McNary. „New Summit unveils new projects“, „Variety“, Reed Business Information, 2007-06-07 (конс. 18 февруари 2008).
  11. Steven Zeitchik. „Pattinson bites into 'Twilight' role“, „The Hollywood Reporter“, Nielsen Business Media, 2007-12-26 (конс. 18 февруари 2008).
  12. Carolyn Giardina, Borys Kit. „Stewart enters 'Twilight' zone“, „The Hollywood Reporter“, Nielsen Business Media, 2007-11-16 (конс. 18 февруари 2008).
  13. Larry Carroll. „'Twilight' Film's First Family Revealed: Peter Facinelli, Elizabeth Reaser Lead Cullen Clan“, MTV, 2008-02-19 (конс. 21 февруари 2008).
  14. Michael Fleming. „Hardwicke to direct Meyer's 'Twilight'“, „Variety“, Reed Business Information, 2007-10-02 (конс. 18 февруари 2008).