Самојед (куче)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Самојед
Samoyed 600.jpg
Прекари Смајли
Смајли Семи
Семи
Сем
Потекло Северозападна Русија и западен Сибир
Особености
куче (Canis lupus familiaris)

Самоједот (руски: Самоедская собака), го добило своето име од самоједскиот народ во Сибир. Друго име особено познато во Европа е Бјелкер (Bjelkier). Овие номадски чувачи на ирваси, меки како памук, бели, насмеани кучиња помагаат во влечењето на санките како и да спијат врз своите сопственици.

Појава[уреди]

Самоједите се витални кучиња кои го одржуваат младешкиот, енергичен дух во сениорските години.Просечниот животен век им се движи од 12 до 16 години. Како вредни ирваси, поседуваат извонредна издржливост и доколку не постои никаква дневна активност, тие се досадуваат, стануваат депресивни или пак прекумерно лаат. Самоједите се силни кучиња, но сепак имаат и здравствени проблеми. Поседуваат сличности со американските Ескимо кучиња. Неискусните луѓе лесно може да ги помешаат и со хаските.

Големина[уреди]

Просечната тежина на мажјакот самојед се движи од 20-32.5 кг (55-71 lbs, а висината од 54–60 цм (21–24 in), додека кај женките тежината иснесува 17–25 kg(40-55 lbs), а висината од 50–56 cm (19–22 in).

Мажјак самојед на плажа.

Очи[уреди]

Очите на самоједот имаат форма на бадем и најчесто се црни или кафени,а поретко сини или во друга боја. Описот честопати е дефиниран како „интелигентен“.

Малечко машко самоједче старо 8 недели

Уши[уреди]

Ушите на самоједот се дебели и покриени со крзно, исправени и во триаголна форма. Речиси секогаш се бели, но може да имаат и светло кафена нијанса, обично на врвот на ушите.

Опаш[уреди]

Опашот на самоједот е особено интересен за овој тип на кучиња. Како и кај аљаскините маламути, опашот на самоједот е свиткан нагоре. За разлика од маламутите, опашот на самоједот го допира грбот. Тој не треба да биде исправен како „знаме“, туку нежно исправен или свиткан на едната страна. Во зима, самоједите спијат со опашот на носот за да си обезбедат дополнителна топлина. Речиси сите самоједи кога сакаат да се одморат, го пуштаат опашот на подот, како и кога јадат или се галат, но штом ке станат активни го кренуваат и виткаат.

Податотека:NZ Samoyed.jpg
Самојед кој се одмара со спуштен опаш на земјата.

Крзно[уреди]

Податотека:Samoyeddognanouck.jpg
Самојед со играчка во градинат

Самоједот има густо, двослојно крзно. Горниот слој е составено од долги, извиткани и прави влакна во бела боја, но може да имаат и нијанса на сиво. Овој слој го одржува основното крзно релативно чисто. Долниот слој се состои од густи, меки и кратки влакна кои ја одржуваат топлината на кучето. Долниот слој се бричи еднаш или два пати годишно, и овој процес го помага обновувањето на крзното. Ова не значи дека крзното на самоједите се обновува само во тој период; мекото крзно има наклонетост лесно да паѓа и притоа да се лепи или да лебди во воздух. Стандардниот самојед може да биде во боја на бисквит или бел, иако сосема белите не се изоставени. Мажјаците имаат поголема гушница отколку женките. Самоједите се кучиња кои имаат потреба од минимално капење, бидејќи тие и самите добро се одржуваат. Нечистотијата од нивното крзно се чисти со минимален напор, но затоа пак крзното на малите кученца е порозно и доколку тоа си игра во земја или трева, лесно се прилепува за крзното. Чешлањето на крзното е задолжително, особено кај понежните делови, позади ушињата, бидејќи тоа лесно може да се заплетка. Крзното повремено треба да се скратува, особено во пределот кај шепите. Не е препорачливо да се бричи, освен од здраствени проблеми, бидејќи самото крзно дејствува како изолатор во ладно и топло време, и ја штити кожата на кучето од изгореници. Особено интересна карактеристика за овој вид на кучиња е дека тие не поседуваат никаков мирис на кучиња, со што чувањето на овој тип кучиња во домовите е дополнително олеснување. Меѓутоа, доколку не се негувани или пак се затворени подолг период, самоједите се осетливи на алергии. Густото крзно на самоједите, претставува проблем во летните периоди кога температурите се значително зголемени и тогаш тие не сакаат да излегуваат надвор. Крзното претставува и инсектицид за болвите. Самоједите најчесто се бели, или во боја на бисквит, но може да бидат и во други бои.

Темперамент[уреди]

Пријателскиот став на самоједите ги прави вистински кучиња-чувари; ретки се агресивните самоједи. Иако имаат тенденција постојано да лаат,особено ако некој им се приближи на нивната територија, тие се претпазливи чувари. Самоједите се одлично друштво, особено за малите деца или пак за други кучиња. Сакаат да си играат дури и кога се повозрасни. Кога им е досадно, сакаат да копаат. Со нивната наследност да влечат санки, самоједите не се противат за влечење на одредени работи, па дури и неиздресираниот самојед нема никакви проблеми доколку неговиот сопственик го води со каиш и оди паралелно со него. Бидејќи овие кучиња ја имаат способноста да влечат, кога си играат со деца, особено ако тие ги придвижуваат, самоједите може да им ги променат правецот. Овој тип на кучиња се карактеризира со внимателен и среќен израз со што го оправдуваат и прекарот „смајли“.[1]

Здравје[уреди]

Наследна гломерулопатија кај самоједите[уреди]

Самоједите можат да бидат трогнати од генетичка бубрежна болест наречена гломерулопатија. Оваа болест ја предизвикуваат Х-поврзаните доминанти влакненца. Женките самоједи можат да развијат слични симптоми на возраст од 2-3 месеца, но сепак тие не се развиваат до крајната фаза. Оваа болест е предизвикана од дефект во структурата на тип 4 колагенот на гломеруларната мембрана. Како последица, колаген влакненцата од гломеруларната мембрана не можат да се вкрстуваат, па така структурната целина е ослабната, а мембраната е премногу осетлива за да се справи со последиците. Како што структурата на мембраната започнува да се обновува, плазма протеините се губат во урината и тогаш се појавуваат симптомите на болеста. Во првите 3 месеца од животот на самоједот, машките кученца се во добра здравствена состојба, но по појавата на симптомите, нивната здраствена состојба се влошува, а болеста напредува. Во тој случај, кучето станува апатично како резултат на протеинуриа. На возраст од 3 месеца па нагоре, како резултат на напредното бубрежно заболување, откриена е редуцирана стапка на гломеруларна филтрација. Смртта како последица од ова заболување се појавува на возраст од 15 месеци. Сеуште не постои генетско тестирање за наследната гломерулопатија кај самоједите. Затоа се смета дека женките самоједи се носители на болеста, па затоа се препорачува истите да не се одгледуваат. Доколку женката се спари со здраво куче, околу 50% се смета дека таа претставува носител на болеста ,а другите 50% остануваат за мажјакот да се разболи од истата. Заболените самоједи не треба да се одгледуваат, со цел истите да не ја пренесуваат болеста на другите генерации.

Други здраствени заболувања[уреди]

Хип диспласијата, катаракта и глаукомата , како и проблеми со мрежницата претставуваат особена загриженост за очите на самоједите. Доколку сопствениците на кучиња се невнимателни, како другите кучиња, така и самоједите се склони кон дијабетисот и други болести.

Грижа и нега[уреди]

Кога крзното на самоједите опаѓа, долниот слој од крзното се обновува; во некои случаи може до дојде и до келавост. Крзното на самоједите се чешла длабоко и со метален чешел, и на тој начин се забрзува процесот на паѓање на влакна како и неговото повторно и брзо појавување. Одлична превентивна мерка во периодот на паѓање на влакната би претставувало чешлањето на крзното. Капењето на самоједите понекогаш е потешко, бидејќи крзното на самоједот е полу-водоотпорно и му е потребно подолг период за комплетно да се наводени. Крзното треба да се исуши со ладен возух , бидејќи водата може да навлезе длабоко во него и не може сама да испари. Сушењето на крзното е неопходно за да се избегнат дупките во крзното на самоједот. Особено важно е крзното добро да се исплакне со вода, бидејќи остатокот може да предизвика габична инфекција која мора да биде проследена со бричење на заболеното место. За да се одржува виталноста и убавината на самоједот, здравата исхрана и негувањето не смее да биде изоставена.

Историја[уреди]

Самоједите се употребуваат за влечење на санки, чувари како и да ги топлат своите сопственици. Фридтјоф Нансен (Fridtjof Nansen) сметал дека единствениот начин да се истражува северниот пол е само преку овие кучиња, и нивното помагање во влечењето на санки. За жал, неговиот план претставувал катастрофа за животните, бидејќи со смртта на силните кучиња за време на експедицијата, нивните тела ги давал на послабите како исхрана. На крај ги загубил сите кучиња. Роалд Амундсен на својата прва експедиција за истражување на Јужниот Пол, употребил повеќе кучиња кои биле предводени од самојед по име Етах. Неодамнешна ДНА анализа на овој тип кучиња, покажа дека самоједите припаѓаат на четиринаесетте најстари раси на кучиња, заедно со сибирските хаски, маламутите од Алјаска и други раси кои припаѓаат на различни географски поднебја. Првиот самојед во САД бил донесен во 1906 година, од страна на разменувачи на крзно. Самоједите биле тренирани преку 3000 години. Како и претходните два типа на кучиња, самоједот наликува на волк

Разно[уреди]

  • Овој тип понекогаш е наречен „насмеано куче“ бидејки поседува постојана насмевка која би сакале сите да ја видат.
  • Паѓањето на влакната на самоједот, понекогаш се употребува како волна за плетење, бидејќи има слична текстура како и ангорските мачки. Крзното понекогаш се користи и како мамка во рибарството. Крзното на самоједот може да издржи температура и под нулата.
  • Овој тип на кучиња скоро никогаш не се употребува во трки.
  • Самоједите се користат многу ретко за секојденвна работа во фармите или во австралиските пастири, бидејќи кучињата со поголеми овчарски способности се по адеватни за вршење на ваквата работа. Меѓутоа, многу самоједи сепак го поседуваат овој инстинкт, па затоа истите повремено се употребуваат за чување на стадо овци, кози и слично.

Познати самоједи[уреди]

  • Каифас и Суген, кучиња-водичи на експедицијата на Северниот пол на Фридтјоф Нансен
  • Етах е кучето кое учествувало во експедицијата на јужниот пол на Роалд Амундсен
  • Соичиро е името на самоједот кое припаѓало на еден од главните ликови во анимираниот јапоснки филм Маисон Икоку Тој бил видливо опремен во поголемиот дел од серијата, а честопати бил објавуван и во стрипови.
  • Самоједите служат како кучиња кои влечат санки во Стоун Фокс, како и во истоимената книга.
  • Шаки е името на самоједот на Хиах Јунсу, член на машкиот бенд од Јужна Кореја ТВХК
  • Муш е името на самоједот на Карен Карпентер од популарната група Д Карпентерс

Наводи[уреди]

  1. http://www.thebreedsofdogs.com/SAMOYEDS.htm

Надворешни врски[уреди]