Самоска Дупка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Самоска Дупка
МестоГаличица
Должина301 м

Самоска Дупка некаде забележана како Саматска Дупка — пештера која се наоѓа од десната страна на скарстената долина Студино, на планината Галичица, на надморска височина од 1.430 м. Истата се состои од еден доминантен меандерски канал со должина од 279 метри. Вкупната должина на пештерата достигнува 301 метар. Во некои делови од главниот пештерски канал забележителна е појавата на пештерски украси, претставени со саливи и сталактити.Според категоризацијата на анализираните пештери во Македонија оваа пештера спаѓа во групата на значајни пештери.[1] Според истражувањата во 1989 година, пештерата е широка 6 метри, а височината на таванот е од 2-10 метри. Пештерата во основа претставува фосилна речна пештера, од која истекувал подземен воден тек. По целата должина на дното е присутен акумулиран наносен материјал, додека во поедини делови се изградени мошне интересни пештерски украси.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Колчаковски, Драган (1993). Категоризација на позначајните пештери во Република Македонија. 1 (1. изд.). Скопје: Институт за географија,ПМФ.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]