Саво Костадиновски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Саво Костадиновски
Роден/а30 мај 1950(1950-05-30)(73 г.)
Горно Ботушје, СФРЈ СФР Југославија (денес Република Македонија)
Занимањепоет
НационалностМакедонец

Саво Костадиновски (р. 30 мај 1950 во с. Горно Ботушје, Македонски Брод) — македонско-германски поет.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Костадиновски завршил oсновно училиште во родното село и во Гостивар. На 26 јули 1963, на денот на Скопскиот земјотрес, се здобил со повреда на ногата во разурнатата куќа во Гостивар. Bеднаш по катастрофалниот Скопски земјотрес започнала неговата „одисеја“, уште од најраната младост. Во 1964 престојувал во интернат во Белград, стипендиран како дете на татко-првоборец (партизан). Во 1965 pаботел во Славонски Брод, продолжил да пишува поезија со носталгични изливи. Во 1968 e повикан да го отслужи воениот рок во Карловац и Загреб (до 1970). Tој учел во Техничкото дописно училиште во Белград. Од 1970 заминува на работа во Минхен, во Вирцбург и во Франкфурт на Мајна. Во 1973 pаботел и се школувал во градот Келн, Германија. Tаму го минал поголемиот дел од својот животен и работен век. Во 1981 дипломирал три семестра на машинскиот оддел при Вишиот технички универзитет во Келн. За време на неговите студии, почнал да пишува поезија на македонски и германски јазик. Во книгата „Поезијата во животот на поетот“ писателот Костадиновски пишува:

„Поезијата ми е составен дел од животот, таа ми е живот во секојдневието.“

Патувал низ Евpопa, по Северна Америка, Австралија, Индија, Тибет, Кина и Афpика (Сенегал).

Многу од песните и расказите за деца и за возрасни на Саво Костадиновски како засебни творби се преведени на повеќе странски јазици, додека неговата збирка стихови за возрасни („Поезија за поезијата“) досега е печатена двојазично на македонски и романски (2002 г.), на македонски и германски (2012 г.) и на српски јазик (2015). За возрасната читателска публика ја објавил и автобиографската романсирана хроника „Трите века“ (2005 г.).

Член е на Сојузот на писателите на Германија од 1993 година. Член e на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) од 1989 година, на Здружението на новинарите на Македонија и на Сојузот на книжевните преведувачи на Македонија од 1995 година.

Во 1993 г. е добитник на наградата: „Иселеничка грамота“ во рамките на Струшките вечери на поезијата (СВП).[2]

Библиографија[уреди | уреди извор]

Саво Костадиновски и германскиот славист Волф Ошлис

Саво Костадиновски е автор на книгите:

Поезијата за деца:

  • „Лето во родниот крај“ (Детска радост, 1980)
  • „Копнежи“ (Дом на културата „Кочо Рацин“, 1989)
  • „Децата на светот“ (Дом на културата „Кочо Рацин“, 1990)
  • „Кафез без птици - Од Ботуше до Келн“ („Печалбарски денови“, Вевчани,1990)
  • „Песни“ (Културно просветна заедница Скопје, 1991) - збирка од десет книги
  • „Песни од Ботуше“ (Дом на култура „Кочо Рацин“, 1992) - избор
  • „Песни“ (Културно просветна заедница Скопје, 1993) - збирка од десет книги
  • „Порече“ (Мисла, 1995)
  • „Илјада и една носталгија“ (Детска радост, 2001) - избор
  • „Заедно со Филип“ (Антолог, 2013)
  • „Разговори со Бети“ (Антолог, 2013)
  • „Стихувани години“ (Антолог, 2013)
  • „Вечен глас“ (Антолог, 2014) - избор
  • „Писма до Филип“ (Антолог, 2014)
  • „На одмор кај Филип“ (Антолог, 2014)
  • „Секогаш со Филип“ (Антолог, 2014)
  • „Филип е прваче“ (Антолог, 2014)
  • „Како Филип ја научи азбуката“ (Антолог, 2014)
  • „Бисерчиња за Бисера“ (Антолог, 2014)
  • „Записи од Америка“ (Антолог, 2015)
  • „Блиски песни во далечна Австралија“ (Антолог, 2015)
  • „Европа во стихови“ (Антолог, 2015)
  • „Порече“ (Антолог, 2015)
  • „Од Ботуше во Париз“ (Антолог, 2015)
  • „Без родниот крај“ (Антолог, 2016)
  • „Келн и јас“ (Антолог, 2016)
  • „Со Татковината“ (Антолог, 2016)
  • „Од животот по Европа“ (Антолог, 2016)
  • „Македонски знаменитости“ (Антолог, 2016)
  • „Песни за деца“ - собрани дела, (Академски печат, 2018)
  • „Бети, Филип и Бисера“ (Академски Печат, 2018)
  • „Домашни и диви животни“ (Академски печат, 2019)
  • „На Македонија со љубов“ (Академски печат, 2020)
  • „Сѐ од љубов за Ботуше и ботушани“ (Академски печат, 2020)
  • „Дедо, зошто ги сакаш децата“ (Академски печат, 2020)
  • „Од дневникот на самоизолацијата“ (Академски печат, 2020)
  • „Ботуше во спомени“ (Академски печат, 2020)
  • „Ботуше со последните селани“ (Академски печат, 2020)
  • „Со Ботуше до Арктикот“ (Академски печат, 2020)
  • „Од дневникот на туѓината“ (Академски печат, 2020)
  • „Времето не е само илузија“ (Академски печат, 2020)
  • „Од планинска врвица до автопат“ (Академски печат, 2020)
  • „Со Бродот од Порече“ (Академски печат, 2020)
  • „Книга за секое дете“ (Академски печат, 2020)
  • „Цвеќе и поезија“ (Академски печат, 2021)
  • „Со цвеќето по светот“ (Академски Печат, 2021)
  • „Порече во творештвото на писателот Саво Костадиновски“ (во соавторство со Бојан Бежоски) - (Академски печат, 2021)
  • „Вистините за Костадин Комитата - Капиданот“ (во соавторство со Билјана Бибоска) - (Академски печат, 2021)
  • „Едно лето во Охрид“ (Академски печат, 2022)
  • „Така растев кај баба“ (Академски печат, 2022)
  • „Спомени од детството“ (Академски печат, 2022)
  • „Рајскирхен во сите годишни времиња“ (Академски печат, 2022)
  • „На Македонија со љубов“ - дополнето издание (Академска мисла, 2023)
  • „Стихувани години“ - дополнето издание (Академска мисла, 2023)
  • „Една есен во Лондон“ (Академска мисла, 2023)
  • „Една зима во Сиднеј“ (Академска мисла, 2023)
  • „Една пролет во Париз“ (Академска мисла, 2023)
  • „Волшебниот број 13“ (Академска мисла, 2023)
  • „Дедовците и внуците“ (Академска мисла, 2023)

Поезија за возрасни:

  • Поезија за поезијата (двојазично издание на македонски и романски јазик), Букурешт, 2002
  • Поезија за поезијата (двојазично издание на македонски и германски), Скопје, 2012
  • Поезијата во животот на поетот (двојазично издание на македонски и германски), Скопје, 2014
  • Die Liebe lebt - „Љубовта живее“, заедно со Терезе Ројбер, (на германски јазик), Скопје, 2014
  • Живот за Ботуше (двојазично издание на македонски и германски), Скопје, 2014
  • Песни од Келн (двојазично издание на македонски и германски), Скопје, 2014
  • Поезија за поезијата, (превод на српски), „Банатски културен центар“ Ново Милошево, 2015
  • Историја на војните (двојазично издание на македонски и германски), Скопје, 2016
  • Човекот и Татковината (двојазично издание на македонски и германски), Скопје, 2017
  • „Поезија за возрасни“ - собрани дела (двојазично издание на,македонски и германски ), Скопје, 2018
  • „Песни и Манифести“ (Двојазично издание на македонски и германски), Скопје, 2020
  • „Стари и нови песни“ - Скопје, 2020
  • „Поет и Воин“ - (циклус песни од Ѓоре Геровски) Скопје, 2021
  • „Ние, поетите од Келн“ (избор поезија од поетите во Келн) Скопје, 2021
  • „Песни за Порече и поречани“ - Академска мисла, 2023
  • „Посветени песни“ - Академска Мисла, 2023
  • „Синовите на Македонија“ - Песнопој, 2023

Проза:

  • Трите века, биографски – хронолошки роман за возрасни („Македонска реч“, 2005), – Скопје
  • Трите века, биографски – хронолошки роман за возрасни, во превод на германски („Literatur Atelier“, 2016) – Бон
  • Роден крај со срце - збирка раскази за млади („Македонска реч“, 2005) – Скопје
  • Трите века, (второ дополнето издание) биографски – хронолошки роман за возрасни, („Македоника литера“, 2016) - Скопје
  • Роден крај со срце (во превод на германски („Literatur Atelier“, 2016) – Бон
  • Бисера и Филип (во превод на германски („Literatur Atelier“, 2016) – Бон
  • Роден крај со срце (двојазично издание на македонски и германски) („Антолог“, 2016) – Скопје
  • Бисера и Филип, (двојазично издание на македонски и германски) („Антолог“ 2016) – Скопје
  • Под Добра Вода - монографија за Горно Ботуше („Антолог“, 2016) - Скопје
  • Сѐ од љубов за Порече и поречани - монографија („Антолог“, 2017) - Скопје
  • Сѐ од љубов за Порече и поречани - монографија (второ дополнето издание), („Антолог“, 2017) - Скопје
  • „Писателот од Порече“ - монографија за Саво Костадиновски, (во соавторство со Наум Попески),(„Академски Печат“, 2018) - Скопје
  • „Појаснувања“ (Академски печат, 2021) - Скопје

Наводи[уреди | уреди извор]


  1. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 124 - 125.
  2. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 124 - 125.