Саат-кула (Скопје)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Саат-кулата во Скопје

Саат-кулата во Скопје е шестокатна саат-кула , која се наоѓа северно од, но во склоп на Султан-муратовата џамија. Подигната е во периодот помеѓу 1566 и 1573 година. Таа била првата саат-кула на територијата на Османлиската држава. Механизмот на саатот бил донесен од саат кулата во Сигет, Унгарија, по неговото заземање од страна на Турците. Изградена е на темелите на порана средновековна одбрамбена кула. Некогаш била дрвена, но подоцна била преградена со тули.[1]

Содржина

[уреди] Историски записи

Саат кулата била забележена од повеќе патеписци кои го посетиле Скопје. Во минатото овој објект бил еден од најинтересните во Скопје и го привлекувал вниманието на минувачите:

  • Хаџи Калфа забележал дека Скопје има една саат-кула, најголема од сите кули кај христијаните. Тој објаснува дека таа ги отчукувала часовите и дење и ноќе, а ѕвоното, се слушало „на два часа далечина“.
  • Францускиот патеписец Филип Дифрен-Кане во 1573 година пишува дека Скопје има еден јавен часовник што се слушал во целиот град и кој ги отчукувал часовите на француски начин.

[уреди] Преградувања

Кулата претпрела големи оштетувања во пожарот од 1689. Во 1902/1903 година нов покрив (направен од цигли донесени од Солун) го заменил стариот дрвен покрив од саатот, за време на владеењето на Али–Хивза Паша. Исто така, механизмот од сатот бил заменет со нов, овој пат донесен од Швајцарија. Оштетена е исто така и во земјотресот од 1963. Денес таа е обновена, но без механизмот на часовникот. Не е препорачано посетување на истата заради безбедност. Доколку се обидете да ја посетите можете да бидете нападнати од локалното Албанско население доселеници од Косово (1990-1993) во текот на војните на просторите на Поранешна Југославија.

[уреди] Наводи

  1. Димовска - Чоловиќ, Мирјана (2008) (на македонски). „Саат кулите во Република Македонија“. Скопје: Национален конзерваторски центар-скопје; Едиција Културно-историско наследство на Република Македонија. стр. 114. ISBN 978-9989-131-08-0. http://www.kalamus.com.mk/pdf_spisanija/patrimonium_3/036%20-%2035%20Spisanie%20Vera%202010.pdf. 

[уреди] Поврзано

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици