СТАРТ 3 (договор)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Претседателите Барак Обама и Дмитриј Медведев по потпишувањето на договорот

СТАРТ 3 е билатерален договор меѓу Русија и САД за намалување на нуклеарното вооружување. [1][2]Договорот бил потпишан во Прага на 8 април 2010 година. Документот, кој се нарекува „Прашки договор“ е составен од три дела кои се правно обврзувачки - текстот на договорот, евиденција за дополнителни права и обврски што се однесуваат на условите на договорот, како и технички измени и дополнувања на Протоколот.

СТАРТ 3 ги обврзува двете земји да ги намалат боевите глави на 1,550 парчиња во секоја земја, што претставува намалување од речиси 2/3 во однос на СТАРТ 1 договорот. Покрај тоа, договорено е и намалување на мобилните ракекетни системи на 700 што е половина од дотогашната бројка.

Според договорот, сите обврски мора да бидат исполнети во рок од седум години од датумот на стапување во сила на новиот договор. Договорот ќе трае десет години, со можност да ја обнови до пет години по неговото истекување.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]