ССОУ „Димитрија Чуповски“ - Велес

Од Википедија — слободната енциклопедија

Димитрија Чуповски

Место
Општина: Велес
Место: Велес
Основни информации
Контактни информации
Портал dimitrijacupovski.schools.edu.mk

„Димитрија Чуповски“ — средно училиште во Велес, Општина Велес[1].

Основање и развој[уреди | уреди извор]

Хемиско-технолошкото училиште своите почетоци ги бележи како одделен отсек во рамките на средното училиште „Здравко Цветковски“од Скопје во 1964 година. Во овој период веднаш по ослободувањето кога земјата сè повеќе се развиваше на полето на индустријата и технологијата се јави потреба од соодветен кадар. Така поради ова за првпат се отвори хемиско-технолошката струка. Школувањето на почетокот треаело три години, а од 1950/1951 започнала да се изведува настава во траење од четири години. Во рамките на струката се подготвувале кадри за потребите на хемиската индустрија, па како таа се развивала така сè повеќе се разгранувала и потребата за разноликост на кадарот. Почетоците секако дека биле тешки затоа што во работата биле вклучени само неколку технолози, хемичари и техничари, бидејќи бројот на образовани луѓе по ослободувањето бил значително мал. Но ова не претставувало пречка на првата генерација успешно да се вклучи во стопанството и индустријата. Во следните генерации сè поголем акцент се ставало на зголемувањето на часовите за практична настава, а исто така започнале да се воведуваат и нови предмети кои биле карактеристични за профилот хемиски техничар. Покрај новите наставни планови кои требало да дадат поголеми резултaти, проблем претставувал и недоволниот простор за изведување на практичната настава т.е. се чувствувал големиот недостаток на лаборатории. Во почетокот на 50-тите години Велес постепено прераснува во индустриски центар-отворени се фабрики во кои потребен е голем број профили од хемиско-технолошката струка. Затоа на седница на Народниот одбор на Велес а 02-07-1956 година, донесено е решение за основање на хемиско училиште со индустриска паралелка и практична обука. Ова училиште отпочнало со работа од 1-09-1956 година под имете „Борис Кидрич“. Според потребите и растот на индустријата се зголемил и бројот на ученици, а во училиштето стекнуваат образование и ученици од цела Македонија, поради ова во истата зграда во центарот на градот бил отворен и интернат во кој биле сместени учениците кои доаѓале од различни краеви. Подоцна интернатот е преселен во одделна зграда и започнал да работи одделно. Како се проширувала индустријата и како Велес прераснувал во индустриски центар се отворале и нови профили за потребите на индустријата во општината-кадар кој веднаш по завршувањето на образованието дирекно ќе се вклучи во производството. Па во овој период се отвора профилот металуршки техничар, а подоцна се вработува и кадар за потребите и на текстилната индустрија. Во учебната 1993/1994 година со решение на Министерството за образование и физичка култура училиштето се преименува во „Димитрија Чуповски“, го добива името на познатиот македонски деец и борец за слобода. Од учебната 2000/2001 година во училиштето беше отворена уште една струка-здравствена со фармацевтски техничар, а во следните години и профилите медицинска сестра, физиотерапевтски техничар и медицинско-лабораториски техничар. Денес средното стручно училиште „Димитрија Чуповски“ е најстарото училиште во кое се изучува хемиско-технолошката струка и најстарото средно стручно училиште од формалното образование во опшина Велес. Неговата работа е во постојана корелација со локалната средина, бизнис секторот и агенцијата за вработување, со што се создаде уписната политика на училиштето за секоја учебна година. Училиштето постојано врши опремување и осовременување на лабораториите, кабинетите и просториите во кои се изведува настава, организира семинари и обуки за усовршување на наставниот кадар. Сето ова е со цел да се подобри квалитетот на наставата и воедно наставниот процес. Во својата 65 годишна работа во воспитно-образовната дејност наставноит кадар максимално ангажиран во создавањето на целосно оформрни личности способни да одговорат на барањата на понатамошното образование на високошколските институции, како и во вклучувањето во производствениот процес во бизнис секторот.

Учество на натпревари[уреди | уреди извор]

Освоени награди[уреди | уреди извор]

Познати личности кои учеле во ова училиште[уреди | уреди извор]

Познати личности кои предавале во ова училиште[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]