СОУ „Ѓошо Викентиев“ - Кочани

Координати: 41°54′51″N 22°26′17″E / 41.914259° СГШ; 22.437996° ИГД / 41.914259; 22.437996
Од Википедија — слободната енциклопедија
СOУ „Гошо Викентиев“ - Кочани
Училиштето во 2023 година
Адреса
ул. „Тодосија Паунов“ б.б.


Координати41°54′51″N 22°26′17″E / 41.914259° СГШ; 22.437996° ИГД / 41.914259; 22.437996
Информации
Видстручно средно училиште
Основанодекември 1959; пред 64 години (1959-12)
ОсновачНароден одбор на Кочани
Месен авторитетОпштина Кочани
АвторитетМинистерство за образование и наука
ДиректорГоце Савев
Наставен јазикмакедонски
Мрежно место

Средно општинско училиште „Гошо Викентиев“ — средно училиште во Кочани.[1] Училиштето го носи своето име по учесникот во Народноослободителната борба, Ѓошо Викентиев.

Историја[уреди | уреди извор]

Училиштето е основано со одлука на Народниот одбор на Кочани од 5 декември 1959 година како Индустриско училиште со практична обука.[2] Во почетоците, паралелката се школувала во подрумската просторија на зградата на гимназијата. Тогаш учениците биле обучувани металостругари, металоглодачи, машинобравари и бравари.[3]

Првата зграда на „Ѓошо Викентиев“ (денес на ОУ „Малина Попиванова“).

Учебната година 1963/64, училиштето ја почнало во својата прва сопствена зграда, односно зградата на сегашното Основно училиште „Малина Попиванова“. Во седумдесеттите години, биле отворена првата електротехничка струка, насока електротехничар енергетичар. Тогаш училиштето прераснало во првото електромашинско училишно средиште во источниот дел на СР Македонија, опфаќајќи ученици од Гевгелија до Делчево. Бројот на паралелките бил повеќе од петнаесет.[3]

Во осумдесеттите години на минатиот век, училиштето се зголемило на повеќе од триесет паралелки. Машинската струка била заокружена со сите потребни профили, кон електротехничката е додаден профилот електроинсталатер и монтер, воведена била графичката струка, како и профилот возачи во сообраќајната струка.[3]

Училиштето го добило Решение за нова училишна зграда, донесено Собранието на Општина Кочани. Новата училишна зграда, која е сегашната, била пуштена во употреба на 1 септември 1985 година.[3]

Соодветно на потребите на индустриската сместивост во деведесеттите години на минатиот век, „Руен“, „Хартија“, „Атом“, „Печатница“ и др., биле отворено профилите: хемиско-технолошка струка, ѕидаро-фасадери, нови профили на графичката струка.[3]

Училишната зграда во 2003.

За учебната 2004/05, во училиштето се школувале 1278 ученици во 38 паралелки, во три струки (сообраќајна, машинска и електротехничка), и 11 профили. Наставата ја изведувале 67 професори организирани во 7 стручни активи.[2]

Досегашни директори[уреди | уреди извор]

  • Никола Савев[4]

Особености[уреди | уреди извор]

Училиштето располага со 20 специјализирани училници - кабинети за квалитетно изведување на теоретската настава, 5 работилници за потесната практична настава, 5 специјализирани кабинети за практична настава и автосервис. Имаме Европски стандард на корисна површина по ученик од 9,72 м2. Мошне функционални се ходниците, скалилата, санитарните јазли и други помошни простории во училишната зграда. Осумте канцеларии се доволни за раководниот кадар, педагошката служба и администрацијата. Има и доволно магацински и складиштен простор на училиштето.

Наставни профили[уреди | уреди извор]

Електротехничка струка[уреди | уреди извор]

Ова е една од најатрактивните струка во училиштето, во која се застапени пет насоки: компјутерска техника и автоматика, електроника и телекомуникации, електроенергетика, електроинсталатер и монтер, и електромеханичар.

Машинска струка[уреди | уреди извор]

Насоки во машинската струка се: машински техничар, машинско-енергетски техничар, бравар и машинобравар, металостругар и металоглодач и автомеханичар.

Сообраќајна струка[уреди | уреди извор]

Сообраќајната струка во училиштето започнува со создавањето на авто-школата. Таа овозможува обука на ученици што ќе се стекнат со знаења од оваа струка, а во исто време ќе можат да добијат дозвола за управување со моторно возило. Авто-школата работи и за учениците, но и за кандидати надвор од училиштето кои сакаат да положат возачки испит.


Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Листа на средни училишта во кои е застапено стручното образование во Република Македонија
  2. 2,0 2,1 „*(Почетна)“. СОУ „Ѓошо Викентиев“ - Кочани. Архивирано од изворникот на 2005-02-07. Посетено на 19 септември 2023.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 „За нас“. СОУ „Ѓошо Викентиев“ - Кочани. Архивирано од изворникот 2023-06-02. Посетено на 19 септември 2023.
  4. „Curriculum Vitae of the Principal Nikola Savev“. СОУ „Ѓошо Викентиев“ - Кочани. Архивирано од изворникот 2004-08-31. Посетено на 19 септември 2023.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]