Рустем Паша

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Osmanli-nisani.svg Рустем Паша Ottoman flag.svg
Rustem Pasha Ottoman min.jpg

Во служба
1544 – 1553
Претходник Хадим Сулејман Паша
Наследник Кара Ахмед Паша

Во служба
1555 – 1561
Претходник Кара Ахмед Паша
Наследник Семиз Али Паша
Лични податоци
Роден(а) 1500
Босна
Починал(а) 10 јули 1561
Отомански Константинопол
Националност хрватско[1][2][3][4][5]
Струка османлиски државник
Голем везир
Вероисповед ислам

Рустем Паша или Дамат Рустем Паша бил османлиски генерал и политичар од хртатско потекло од Босна.

Рустем бил роден во Скрадин[2] во католичко семејство од кое бил одземен и однесен во Константинопол каде се школувал и изградил голема воена и политичка кариера. Тој бил гувернер на Дијарбекир. Во 1539 година се оженил за ќерката на султанот Сулејман I, Михримах султан.

По пет години тој бил поставен за главен везир. За неговиот политички напредок голема улога имала Рокселана која била мајка на неговата сопруга. Како главна задача на Рустем при назначувањето за Голем везир била намалување на инфлацијата и полнење на државната каса. Според историските извори неговиот однос кон семејството бил доста ладен бидејќи не ги примил по нивното доаѓање во престолнината.

Се смета дека бил еден од главните виновници за егзекуцијата на шехзаде Мустафа. По неговата смрт, јаничарите и војниците на Мустафа протестирале против одлуката на Сулејман, и главно ги обвинувале Рокселана и Рустем Паша. По ова Рустем Паша бил ослободен од позицијата голем везир и бил испратен назад во Истанбул.

Наводи[уреди]

  1. Taylor (2007), pp. 166-167.
  2. 2,0 2,1 Fine (2006), pp. 215-216.
  3. Hammer-Purgstall, History of the Ottoman empire,
  4. http://www.zsem.hr/site/dmdocs/Hersak.pdf
  5. Lybyer (1913), p. 51.