Руска салата
Руска салата е вид на салата, која се подготвува од мајонез, варени компири, грав, морков, кисели краставички, шунка, а некогаш и различни видови на колбаси или пилешко месо.
Оваа салата е позната во многу земји, иако не секогаш под истото име. Во Македонија е позната како „руска салата“, додека во Русија се нарекува „Оливие“ или „француска салата“ (име кое може да се однесува на друг вид салата). Во Франција е позната како „пиемонтска салата“ (но, место грав содржи домати).
Во ваков вид, руската салата е една верзија на познатата салата на готвачот Лусиен Оливие, главен готвач во ресторанот „Ермитраж“, еден од најреномираните московски ресторани, кој во 1860 година за прв пат ја подготвил салатата. Во годините на глад кои следувале по Октомвриската револуција и граѓанската војна која следувала по неа, повеќето од основните состојки се заменети со подостапни и практично денес т.н. руска салата има многу малку заедничко со првичната рецепта, чиј оригинал и до денес е тајна.
Денешна подготовка [уреди]
Денес верзијата на салатата содржи варени компири, кисели краставички, грав, јајца, лук, колбас или варено месо, прелиени со мајонез. Оваа салата се сервира на секој официјален руски празник, особено на Нова година и зимските празници. Во Македонија наместо варено месо се става најчесто салама - шунка. Салатата е особено популарна во Иран, каде додаваат и пилешко месо. Поради француското влијание во шпанската кујна, оваа салата е позната и таму и содржи моркови, конзервирана риба туна, јајца, грав, црвени печени пиперки, зелени маслинки, компири и мајонез.