Рунгхолт

Координати: 54°28′N 8°43′E / 54.467° СГШ; 8.717° ИГД / 54.467; 8.717
Од Википедија — слободната енциклопедија
Наоди од Рунгхолт

Рунгхолт (германски: Rungholt) — поранешен богат град во Северна Фризија, во данското Војводство Шлезвиг. Бил потопен кога бранови од плимната бура (втората „голема поплава“) во Северното Море ја поплавил областа на 16 јануари 1362 година.

Рунгхолт бил сместен на островот Штранд, кој бил целосно потопен од друга плимна бура во 1634 година и од кој потекнуваат островите Пелворм, Нордштранд и Нордштрандишмор.

Наоди од градот биле пронајдени во Ваденското Море кон крајот на XX век, но постојаното менување на седиментот ги однело последните од нив во морето. Во 1920-тите и 1930-тите, некои остатоци од градот биле изложени; од нив се претпоставува население од најмалку 1.500-2.000 жители, што е прилично големо за областа и времето и се претпоставува дека Рунгхолт бил големо пристаниште. Меѓутоа има многу легенди за неговата големина и богатство.

Импресиониран од судбината на градот, наодите и описите во легендите за градот, германскиот писател Детлеф фон Лилиенкрон напишал поема наречена „Trutz, Blanke Hans“ за изгубениот град, која започнува со зборите: „Денес патуван на Рунгхолт; град потонат пред 600 години“ (Heut bin ich über Rungholt gefahren, die Stadt ging unter vor sechshundert Jahren)

Локалниот мит вели дека сè уште може да се чујат црковните ѕвона на Рунгхолт, кога се едри во областа при бури.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

54°28′N 8°43′E / 54.467° СГШ; 8.717° ИГД / 54.467; 8.717