Руби

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Руби
Жанр драма, теленовела
Создадена од Јоланда Варгас Дулче
Настапуваат Барбара Мори
Едуардо Сантамарина
Жаклин Бракамонтес
Себастијан Рули
Ана Мартин
Најавна песна "La Descarada"
Земја на потекло Мексико
Јазик Шпански
Број на епизоди 130
Продукција
Изврш(ен/ни) продуцент(и) Хосе Алберто Кастро
Локаци(ја/и) Мексико Сити
Канкун
Времетраење 45 минути
Емитување
Канал на емитување Канал2
Официјална Веб-страница

Руби е романтична мексиканска теленовела. Серијата е снимена во Мексико, во текот на 2004 година, со 130 епизоди. Серијата стекна голем успех во целиот свет, а поради тоа и на мексиканските ТВ и Новеле Награди, освои неколку награди, како и најглавната за најдобра теленовела за 2005 година.

Синопсис[уреди]

Руби е млада девојка која студира на приватниот универзитет, благодарение на стипендијата и на својата сестра, која напорно работи за да ја издржува својата сестра, како и нејзината мајка Рефухио. На универзитетот, Руби се спријателува со Марибел, милионерка, драга и убава девојка, која после собраќајната несреќа останува инвалид. Марибел мисли дека конечно пронашла вистинска пријателка во Руби, но не знае дека Руби сака да биде нејзина пријателка само заради нејзините пари. Откако ќе ја посети Марибел во нејзината вила, Руби е уверена дека таа требала да живее таков живот и дека по секоја цена ќе се здобие со вакво богатство. Заради нејзината инвалидност, Марибел своето време го поминува на интернет разговарајќи со момче по име Хектор. После некое време, Хектор и Марибел се запознаваат, и Хектор ја запросува. Марибел е многу среќна и се заљубува во него. Хектор и го претставува на Руби, својот најдобар пријател, докторот Алехандро, и Руби се заљубува во него. Руби почнува да сонува како конечно ке се венча за богат и згоден доктор и дека тие четворица ќе идат среќни. Но, се пропаѓа кога Руби дознава дека Алехандро е сиромашен. Тажен, Алехандро во целосност се одлучува да се посвети на својата професија. Сега единствена цел на Руби, е да и го украде свршеникот на Марибел, Хектор.

Улоги[уреди]

Глумци Ликови
Барбара Мори Руби
Едуардо Сантамарина Алехандро
Себастијан Рули Хектор
Жаклин Бракамонтес Марибел
Роберто Вандер Артуро
Ана Мартин Рефухио
Ингрид Марц Лорена
Ана Берта Еспин Елиса
Патрисија Навидад Кристина
Оливија Буцио Клара

ДВД Издание[уреди]

Мексиканската продукција Телевиса издаде и оригинален ДВД пакет од серијата Руби. Во пакетот се состоат 3 двд цедеа, со сите 130 епизоди.

Руби на Балканот[уреди]

Македонија: А1 Телевизија
Србија: Пинк Телевизија
Босна и Херцеговина: Пинк БХ
Хрватска:НоваТВ
Словенија: ПОП ТВ
Бугарија: Евроком
Црна Гора: Пинк М
Грција: Алфа ТВ

Надворешни врски[уреди]