Рубаи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Калиграфска изведба на рубаи што му се припишува на Омар Кајам од Бодлејан МС. Оузли 140

Рубаи или рубијат (арап. رباعیات) значи четиристишие во периската литература.

Римската шема е ААБА (понекогаш АААА).

Оваа стихова форма е популаризирана во делото на разни славни персиски поети меѓу кои Абдулхасан Рудаки, Омар Хајам и Захирадин Мухамед Бабур. Еве пример-песна од Омар Хајам[1]:

32
Во младите дни за знание бев жеден,
Филозофи барав — се мислев за
беден...
Чув многу...Но ете, низ истата порта
Излегувам, низ која и влегов јас жеден.

Кај подолгите песни со рубајска римска шема, понекогаш неримуваниот стих на моменталната строфа станува римата на следната строфа. Со други зборови шемата се продолжува со ААБА ББВБ ВВГВ итн... Затоа ова понекогаш се нарекува „преплетени рубаи“. Структурата може да биде и циклична ако го поврземе неримуваниот стих на последната строфа со првата строфа: ШШАШ.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Стара персиска лирика, изб. и преп: Томе Арсовски, „Кочо Рацин“, Скопје, 1960

Надворешни врски[уреди | уреди извор]