Руапуке (остров)

Координати: 46°47′S 168°30′E / 46.783° ЈГШ; 168.500° ИГД / -46.783; 168.500
Од Википедија — слободната енциклопедија
Руапуке
Прегледна карта
Географија
Координати46°47′S 168°30′E / 46.783° ЈГШ; 168.500° ИГД / -46.783; 168.500
Површина16 км2
Највисоко издигнување64 м
Управување
Демографија
Население0

Руапуке (англ. Ruapuke Island) е еден од најјужните острови во главниот архипелаг на Нов Зеланд. Се наоѓа 15 км југоисточно од Блаф и 32 км североисточно од Обан (на Стјуартовиот Остров). Островот зафаќа површина од околу 16 км2 и е сместен на источниот крај на Фовоовиот Проток. Денес е ненаселен, но некогаш имал 200 жители, сите Маори[1].

Средината на островот е рамна, со височина од 41 m, а на северниот, јужниот и западниот крај се распослани со хумки. Островот е покриен со закржлавени дрвца. Северниот ‘рт на островот е карпеста испакнатина што се издига во хумка со висина од 62 m. Во најзападниот дел островот достигнува надморска височина 64 m.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Вотерс, Вилијам Ешер (1966). „Остров Руапуке“. Те Ара - Енциклопедија на Нов Зеланд. Посетено на 9 ноември 2010.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]